fbpx
ВестиТоп вести

Човештвото – закана само на себе

“ Имаме само една Земја. Не можеме да користиме 1,75 пати повеќе ресурси без деструктивни последици“ Човештвото веќе е во минус. До 29 јули човештвото за работни цели веќе искористило повеќе еколошки ресурси, отколку што Земјата би можела да обнови до крајот на оваа година. Таквата состојба има и свој официјален – службен назив познат како – Ден на еколошки долг ( Earth Overshoot Day, EOD). Најдобар, компаративен пример на оваа еколошка закана е споредбата на земјините ресурси со сметка во банка. Замислете дека, до 29 јули сметката комплетно се испразнала и сте влегле во минус. Ова е најраниот датум на потрошувачка, откако постои мерењето. Организацијата Global Footprint Network, која се занимава со ваков вид пресметка, предупредува дека човештвото моментално ги троши природните ресурси 1,75 пати побрзо, отколку што планетата може да ги обнови. Тоа всушност значи, дека трошиме повеќе природен капитал, отколку што имаме, преку уништување на шумите и емитување на огромни количини јагерод диоксид во атмосферата и со тоа ја загрозуваме идната употреба на ресурсите. Во последните 20 години, овој датум е поместен за два месеци, а 29 јули е најраниот датум откако ова мерење постои. „Имаме само една Земја. Не можеме да користиме 1,75 пати повеќе ресурси без деструктивни последици“, вели Матис Вакернагел, основач на Global Footprint Network. Во анализата, како еден од најголемите виновници се наведуваат Соединетите Американски Држави. Кога луѓето во целиот свет би живееле како американците, Global Footprint Network, смета дека би ни биле потребни пет Земји, за да се исполнат сите наши потреби. Ако сите би живееле како Французите или Британците, тогаш би ни биле доволни три наши планети, што е далеку од идеално. Иако, сиромашните земји, природните ресурси не ги трошат во толкава мера, тие ќе бидат оние кои ќе ги платат сметките. Истражувањата покажуваат дека климатските промени, драстично ќе влијаат на животот во посиромашните, отколку во богатите земји, како што е САД. Ваквата ситуација најавува глобална здравствена опасност. Организацијата овие податоци ги објавила само неколку месеци после извештајот на Обединетите нации, каде се споменува како ова темпо на уништување на природните ресурси ќе ги загрози „Еколошките темели на општеството“. Во извештајот се наведува, дека доколку работите не се променат, ќе настане глобална здравствена опасност, која потенцијално ќе доведе до милион смртни случаи од загадувањето на воздухот во Азија, на Блискиот Исток и Африка и ќе создаде инфекции отпорни на лекови поради загадувањето на слатките води.

 

Валентина Соколовска

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close