Домати-70 денари – Владата ги замрзна цените на 11 земјоделски продукти, еве кои се тие
Домат не може да се продава повеќе од 70 денари, краставиците над 75 денари, кромидот повеќе од 60 денари, карфиолот 70 денари, пиперки 90 денари, грав 75 денари, леќа повеќе од 110 денари, бананите не повеќе од 70 денари, портокали не повеќе од 55 денари, мандарините 60 денари и лимоните не повеќе од 55 денари.
Владата донесе одлука за определување на цени на највисоки цени на некои овошја и зеленчук, при што се утвредни највисоки цени за 11 производи кои ќе важат до крај на април. Ова го посочи министерот за економија Крешник Бектеши на денешната пресконференција.
Тој посочи дека се опфатени 11 производи, свежи домати, краставици, кромид, карфиол, пиперки, грав, леќа, банани, портокали, мандарини и лимони кои ќе важат до крајот на април.
– Домат не може да се продава повеќе од 70 денари, краставиците над 75 денари, кромидот повеќе од 60 денари, карфиолот 70 денари, пиперки 90 денари, грав 75 денари, леќа повеќе од 110 денари, бананите не повеќе од 70 денари, портокали не повеќе од 55 денари, мандарините 60 денари и лимоните не повеќе од 55 денари.
Согласно сите анализи на министерството цените на енергенсите се со наделен тренд и се стабилизирани, споредбено со претходната година – укажа Бектеши.
– Направивме анализи на овие производи кои покажаа дека на одредени производи имало маржи од дури и 200 отсто. На нашите табели може да се видат кои биле цените на овие производи, и симулации со маржа од 20, 30 и 40 проценти од влезната или увозната цена.
Бидејќи разговаравме со многу трговци и увозници, бидејќи овие производи калираат, затоа центие се ставени на висок праг, дури и со маржа над 40 отсто.
Не стои образложението дека се плаќаат високи царини па затоа се високи цените. Тука не е вкалкулирана само стапката од пет отсто од ДДВ.https://faktor.mk/