fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Задолжителен бакшиш и во кафеаните во Македонија?

Ваш коментар?!

Во многу земји низ светот бакшишот во кафеаните, рестораните и кафулињата е задолжителен, а сумата која треба да ја издвојат гостите се движи од 5 до 20 отсто. Висината на бакшишот зависи од тоа дали се работи за голем или мал угостителски објект, како и за репутацијата на угостителскиот објект. Во Македонија досега имало повеќе обиди да се воведе задолжителен бакшиш, но сè уште тој е оставен на волјата на гостите. Со оглед на кризата и ситуацијата во која се наоѓаме, бакшишот во угостителските објекти речиси и да не постои. Сè помалку гости имаат култура и навика за услугата што ја добиваат да ги наградат келнерите, на кои, пак од друга страна, главна мотивација и доказ за нивната вредна работа им е висината на бакшишот што ќе го добијат.

-Точно е дека во некои земји и региони во светот бакшишот е задолжителен. Таму каде што бакшишот е задолжителен, дневницата или надоместоците кои им се исплаќаат на келнерите се минимални, затоа келнерот секогаш настојува да понуди беспрекорна услуги за да може да добие што поголем бакшиш. Во Македонија постоеле повеќе иницијативи за регулација на начинот на оданочување на бакшишот од страна на држава која има интерес тој само да се оданочува, а не и да се вметне со закон како задолжителна ставка во сметката. Последен пат прашањето за воведување на задолжителен бакшиш беше иницирано во време на пандемијата, но како и многу други иницијативи и предлози за него воопшто не се организирани дебати или средби помеѓу угостителите и претставници на власта или државните институции за бенефитите од неговото воведување како задолжителна ставка во сметката. Генерално предлозите и иницијативите се движеа во правец на тоа цената на услугата и сервисот да се пресметуваат во крајната сметка и задолжителниот бакшиш да се движи меѓу 5 и 20 отсто. Така, на пример 5, отсто бакшиш би пресметувале помали угостителски објекти како што се кафетерии, слаткарници, а повисок од 10 до 20 отсто би пресметувале клубови и врвни ресторани со врвна услуга и персонал, вели за ВЕЧЕР, Здравко Јосифовски, претседател на Независната угостителска комора.

Тој не верува дека скоро во Македонија има шанси бакшишот да стане задолжителен во угостителските објекти. За да се воведе законска регулатива за задолжителен бакшиш треба да имате партнери од страна на државата кои ќе сакаат да помогнат во унапредување на ресторанските услуги и угостителската индустрија што всушност во моментов не е така.

-Не постои ресторан, клуб или угостителски објект во Македонија каде што бакшишот е пресметан во сметката. Кај нас бакшишот е добра волја и израз на задоволство на гостите. Можно е кога гостинот плаќа со картичка и нема можност да плати бакшиш, да сака да го почести келнерот, па ќе му предложи и ќе му понуди во сметката да стави пијалак или некоја друга угостителска услуга во одреден износ која индиректно кореспондира со висината на бакшишот. Ваквиот гест и начин на гостите многу пати на крајот на денот создава проблем за начинот на исплата од страна на угостителите кон келнерите, појаснува Јосифовски.

Со оглед на кризата и ситуацијата во која се наоѓаме, бакшишот во угостителските објекти речиси и не постои. Сè помалку гости имаат култура и навика за услугата што ја добиваат да ги наградат келнерите, кои пак од друга страна, главна мотивација и доказ за нивната вредна работа им е висината на бакшишот што ќе го добијат. Дополнителен проблем, како што стојат работите, е дека во некои угостителски објекти бакшишот е личен и индивидуален само за келнерот, односно секој келнер има право само на својот бакшиш, додека пак во други угостителски објекти тој е групен, се собира и на крај на денот, неделата или месецот се дели со колегите од шанк или со сите вработени.https://www.vecer.press/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close