Заедничка земјоделска политика и меѓусебна помош за надминување на проблемите во агро секторот

Денеска и утре, во австрискиот град Андау , се оддржува 44- тата по ред „Конференција на директорите на Платежните Агенции во Европската Унија“. Македонската делегација ја предводи директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски,тој зеде активно учество и оствари повеќе неформални, билатерални средби кои се од клучно значење за Македонија на патот кон Европската унија.
28- те земји членки на ЕУ, на 44- тата конференција заклучија дека сите земји кои се членки на Европската унија, како и кандидатите за членство во Унијата, вклчучително и Македонија, во наредниот период во фокусот ќе им биде:

„Заедничка земјоделска политика и меѓусебна помош, решавање на се поголемото климатско влијание врз земјоделството и воведување на нови технологии.“

Директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски, рече дека искуствата и помошта што Македонија ја добива од земјите членки на ЕУ е од огромно значење за Македонија.

slika viena 2
„Владата, министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство како и Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството, посветено работат на прилагодување и унапредување на капацитетите, се со цел воведување на заедничката земјоделска политика, како и зајакнување и модернизација на агро секторот. Размената на искуства, примената на нови современи техники и технологии се од огромно значње за сите нас. Само со освовременување на земјоделството и со воведување на нови технологии може да се развива, унапредува овој сектор. Европските фондови се од клучно значење во осовременување и модернизација на домашните земјоделски и преработувачки капацитети.“ – рече Бабовски.
slika viena 2
Освен Бабовски, во македонската делегација се и раководителите на секторите аналитика Симеон Милевски, и на проекти Ванѓел Наневски кои земаа активно учество во панел дискусиите за автоматизација на процесот на доделување на субвенции за земјоделците, поедноставување и олеснување на исплатата на средства и унапредување на домашните фарми.

На неформалната конференцијата, освен директори на Платежните Агенции, учествуваа и претставници на Европскиот суд на ревизори, Европската комисија и земјите-членки на ЕУ. Освен за земјоделство, на годинашнава конференција се разговараше и за зголемување на економскиот раст, зајакнување на конкурентноста, Европскиот повеќегодишен буџет и неговото управување. Приоритети на Австриското претседателство се и безбедноста и борбата против илегална имиграција, просперитет и конкурентност преку дигитализација, стабилност во соседните земји и зближување со Балканските земји.


 

brif

Share Button