fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

ЕУ издвои 500 милиони евра за раселените и за земјоделството во Украина

Тој договор е постигнат на состанокот на Советот за пристапување ЕУ-Украина, на кој присуствуваше и украинскиот премиер Денис Шмигал, а е во рамките на обврските што ЕУ ги презеде пролетта

Европската комисија и Украина во Брисел потпишаа договор за помош од 500 милиони евра што ќе бидат потрошени за домување и образование на раселените, како и за земјоделството на Украина, која е во војна.

Тој договор е постигнат на состанокот на Советот за пристапување ЕУ-Украина, на кој присуствуваше и украинскиот премиер Денис Шмигал, а договорот спаѓа во рамките на обврските што ЕУ ги презеде пролетта.

Тоа е осми состанок на Советот за асоцијација ЕУ-Украина и прв откако земјата во јуни доби статус на кандидат за членство во ЕУ.

Во Брисел, Шмигал разговараше и со потпретседателот на Европската комисија, Марош Шефчовиќ, за зајакнувањето на санкциите против Русија и интеграцијата на Украина на енергетскиот пазар на ЕУ.

Украинскиот премиер се залагаше за воведување „целосно енергетско ембарго кон Русија“.https://360stepeni.mk/eu-izdvoi-500-milioni-evra-za-raselenite-i-za-zemjodelstvoto-vo-ukraina/

„Извозот на електрична енергија на Украина може да замени значителен обем на увоз на руски гас“,

рече Шмигал, додавајќи дека Украина има најголеми подземни наоѓалишта за складирање гас и може да биде „европски сеф за гас“.

 

 

 

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close