fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Николовски: Следува доисплата на сточарите за 2022 за предадено млеко

Триесет проценти од субвенциите ќе бидат исплатени во оваа календарска година за тековната 2024 година

Производителите на млеко деновиве ќе ги добијат заостанатите субвенции од изминатата 2022-ра, но  ќе им бидат исплатени и 30 отсто од субвенциите за тековната 2023, најави министерот Љупчо Николовски.

-Средствата ќе бидат насочени кон две категории, доисплата на сточарите во поглед на предадено млеко и второ реализација на она што го започнавме, а тоа е реализација на нов модел на субвенционирање, каде што до крајот на годината, за прв пат во оваа историска година 30 проценти од субвенциите ќе бидат исплатени во оваа календарска година за тековната 2024 година, односно за сите оние кои пријавија субвенции во рокот мај и јуни. Тоа ќе се случи за прв пат за да ги имаат навремено средствата за да можат да инвестираат во следната сезона, пред медиумите потврди министерот Николовски.

Видеото е преземено од тв 24 вести

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close