fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Во село Крклино палеле стрништа па го зафатиле и далноводот

Увид на местото извршила екипа од СВР Битола и се работи на расчистување на случајот.

На 18.02.2023 околу 17.00 часот во СВР Битола било пријавено дека во атар на село Крклино, битолско, од запалени стрништа настанал пожар во нива кој зафатил и далновод за пренос на електрична енергија. Увид на местото извршила екипа од СВР Битола и се работи на расчистување на случајот.

На 19.02.2023 во 10.00 часот во Полициското одделение Новаци, В.К.(61) од с.Добрушево, општина Могила, пријавил дека на 18.02.2023 околу 12.20 часот од запалени стрништа настанал пожар во негова нива со насади од родни дрва. Пожарот сам се изгаснал, а повредени лица нема. Увид на местото извршила екипа од СВР Битола.

На 19.02.2023 во 13.25 часот во Полициската станица Ресен било пријавено дека во с.Подмочани, ресенско, настанал пожар на сува трева, од кој била зафатена и нива со насади од родни дрва. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Ресен пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид бил извршен.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close