fbpx
ВестиСоветиТоп вести

Земјоделски календар за месец март животинско ОВЧАРСТВО

Особено внимание треба да се посвети на приплодните овци кои се во период
на лактација. Оптоварувањето на организмот е големо и грижата треба да биде
насочена кон правилна и урамнотежена исхрана, која ќе обезбеди зачувување на
телесната состојба, добивање на повеќе млеко и нормален раст на волната. Главната
количина на млеко од овците се добива напролет, кога сеуште се хранат на јаслите.
Првиот период на лактацијата трае околу 60 дена. Тој започнува по јагнењето.
Исхраната во првите денови по јагнење е од големо значење. Основен извор на
хранливи материи и витамини во овој период е висококвалитетно сено.
Нискоквалитетна храна не треба да се дава на објагнетите овци. Дневно на овца
треба да се обезбеди 1,5 – 2,0 килограми сено. Објагнетите овци се хранат и со
концентрирана сточна храна од 0,4 – 0,6 килограми во зависност од млечноста. Во
присуство на друг вид на храна (тикви, моркови, компири и сл.) може да се вклучат во
дажбите до 2-3 кг на ден. Правилната исхрана е од особено значење за растот,
развојот и идната продуктивност на јагнињата. Обично јагнињата за гоење се
одбиваат на 40-45 дневна возраст и по постигнување на тежина од 10-12 кг. Оние кои
се предвидени за обновување на стадото се одбиваат на 90-100 дневна возраст и
тежина од 25 кг. Непосредно по одбивање од доењето јагнињата треба да се хранат
со истата храна со кои се хранат до одбивањето.


 

agencija.gov.mk

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close