fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Замрзнатите цени на овошјето и зеленчукот ќе важат и во декември

Највисока трговска (профитна) маржа за свежото овошје и свеж зеленчук, наместо до 30 ноември, ќе се применува до 31 декември 2023 година.

Замрзнатите цени на овошјето и зеленчукот ќе важат и во декември, одлучи Владата.

Владата, на предлог на Министерството за економија, донесе Одлука за изменување на Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки, со којашто се утврдува највисока трговска (профитна) маржа за свежото овошје и свеж зеленчук, за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец во трговијата на големо во вкупен износ до 10% и во вкупен износ до 15% во трговијата на мало.

Согласно  владината одлука, вака утврдената највисока трговска (профитна) маржа за свежото овошје и свеж зеленчук, наместо до 30 ноември, ќе се применува до 31 декември 2023 година.

Со претходната владина одлука цените беа замрзнати до 30 ноември.

Министерството за економија предложи да се забрани да се нуди акциска и промотивна продажба во сите синџири на трговци во државата до 30 ноември. Тоа според министерот за економија Крешник Бектеши ќе доведе до линеарно намалување на цените за минимум 10 отсто.

– Сите анализи покажуваат дека нема основ за зголемување на цените на основните прехранбени производи и од страна на трговците, но и од страна на производителите, имајќи го предвид намалувањето на цените на светските берзи – рече Бектеши во септември.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close