Од вчера започна откупот на тутунот од реколтата 2018 година во регионите на општините Битола, Новаци и Могила. Откупот на тутунот во Пелагонискиот регион ќе се извршува на 17 откупни места и тоа во населените места:Горно Оризари, Могила, Добромири, Дедебалци, Добрушево, Ивањевци, Трновци, Беранци, Лисолај, Драгожани, Лопатица, информираше подрачниот раководител на Министерството за земјоделство во Битола, Методија Илиевски.
Според Илиевски опткупните претпријатија кои имаат склучено договор и имаат поставено пунктови во овој регион се Сокотаб, Алијанс Уан, Пашоски ДООЕЛ, Секе ДООЕЛ Прилеп, Тутунски комбинат ДООЕЛ Прилеп, Миссириан ДООЕЛ Струмица.
Планирани количини за тутун кои треба да се предадат се: 3364 тони.
Вкупно склучени договори со земјоделците се 3408, додека се издадени вкупно 2475 евидентни листови.
Од страна на подрачната единица на Министерството за земјоделство во Битола издадено е решение за формирање на второстепена комисија која има обврска, доколку има потреба за дополнителна процена да ја изврши истата на предадените количини на тутун, рече Илиевски на средбата со новинарите.
Анета Блажевска за Зелена берза