Заработуваат и до две просечни плати, цената скокна за 50%

(Oвој напис е објавен на: August 29, 2017)

Сушата и мразот доведоа до поскапување на шумските плодови за 50% во Босна и Херцеговина.

Најголем скок има кај боровницата која се продава за 5 конвертибилни марки по килограм, а лани беше 3 конвертибилни марки по килограм.

Исто е и со брусницата и копривата во БиХ.

За нив лани цената беше 3, а сега е 4 конвертибилни марки.

Во тек е и откупот на капини кои чинат 2.5 конвертибилни марки по килограм.

Откупувачите велат дека е важна и локацијата каде овошјето е произведено, затоа што малините кои се произведени во град и во село не се исти.

Шумските плодови и билките можат да бидат извор на дополнителна заработка, а во сезоната на берба може да се заработат по две просечни плати.

Луѓето кои се занимаваат со оваа дејност велат дека пари има, но треба да се чека, процесот оди бавно и има ризик.