Заврши есенската сеидба во Крива Паланка и Ранковце

(Oвој напис е објавен на: February 7, 2017)

Од Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство од Крива Паланка информираат дека комплетно е реализиран планот за есенска сеидба на житни култури за 2015 година на подрачјето на општините Крива Паланка и Ранковце, со кој беше засеана вкупна површина од 1870 хектари.

prijepolje-plugovi-belorusija-1328585176-52855-305fkh20ec1s3fg8bt2l1c

Според планот за есенска сеидба за 2015 година, засеани се 1870 хектари , од кои најголем процент, 1610 хектари се засеани од страна на индивидуалните земјоделци, додека земјоделските претпријатија засеале површина од 260 хектари.

216321

– На најголема површина е засеан јачмен, и тоа на 950 хектари, пченица на 760 хектари, со р’ж се засеани 80 хектари и на иста толкава површина посеани се останати житни култури, изјавија од подрачната единица на МЗШВ, Крива Паланка.