Вести

Завршил ветерина, се занимавал со новинарство, а сега се посвети на овоштарство

Урош Давидовиќ завршил ветерина, но никогаш не се занимавал со оваа работа. Потоа почнал да се занимава со новинарство, водел емисија за земјоделство, а денес е овоштар, пишува bizlife.

Вели дека сака во иднина да живее од овоштарство, од производство на ракија, но сон му е да изгради своја фарма.

„Овоштарството беше начин, она што го сакам да го применам во животот. Подигнав овоштарник со круши и кајсии на имот во селото Радовање во Велика Плана“, вели тој.

Овоштарникот го садел етапно. Има седум хектари, при што најмладите садници се од пред година дена, а најстарите од пред пет години.

Додава дека оваа работа е тешка, и дека оние младите кои сакаат да вложат пари, треба да бидат свесни дека парите ќе се вратат за 15 до 20 години.


 

faktor

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close