
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести
На гости кај Душко и Ристе од Валандово, производители на сок од калинка, намаз од маслинки, ракија од калинка и јапонско јаболко
Николовски-Подршката која ја даваме на младите земјоделци, 20.000 евра за поттикнување на земјоделското производство, и 10.000 евра како мотивација да започнат свој бизнис во земјоделскиот сектор е значајна.
Секогаш ми претставува големо задоволство кога гледам млади луѓе, земјоделци, ентузијасти, кои вредно работат и тука ја гледаат својата иднина. Денеска ги посетив Душко и Ристе од Валандово, производители на сок од калинка, намаз од маслинки, ракија од калинка и јапонско јаболко.Овие двајца млади земјоделци се добитници на грант во вредност од 20.000 евра, со што си го модернизираат производството и започнуваат сопствена линија на органски производи од калинка и маслинка, KUVET.
Подршката која ја даваме на младите земјоделци, 20.000 евра за поттикнување на земјоделското производство, и 10.000 евра како мотивација да започнат свој бизнис во земјоделскиот сектор е значајна.


