
На 17 октомври по втор пат во Валандово – Фестивал на калинката
Централниот настан ќе се одржи на плоштадот во Валандово, каде посетителите ќе имаат можност да уживаат во богата фестивалска програма, презентација и дегустација на производи од калинка, локални земјоделски производи, традиционална храна, ракотворби и културно-уметничка програма.
Здружението на локален рурален развој Валандер Валандово и Општина Валандово со задоволство го најавува вториот Фестивал на калинка, манифестација посветена на еден од најзначајните земјоделски производи и препознатливи симболи на валандовскиот крај – калинката.
Фестивалот ќе се одржи на 17 октомври 2026 година, при што Валандово повторно ќе биде место на кое ќе се сретнат традицијата, земјоделството, културата, гастрономијата и локалното творештво.
Централниот настан ќе се одржи на плоштадот во Валандово, каде посетителите ќе имаат можност да уживаат во богата фестивалска програма, презентација и дегустација на производи од калинка, локални земјоделски производи, традиционална храна, ракотворби и културно-уметничка програма.
Посебен акцент ќе биде ставен на локалните производители и преработувачи на калинка, со цел промоција на нивниот труд, создавање нови можности за пласман и афирмација на Валандово како препознатлив регион по производството на калинка.
Фестивалот има за цел да ја зачува и промовира локалната традиција, да ги поддржи земјоделците и производителите, но и да придонесе кон туристичката промоција на Валандово и регионот.
Ги покануваме медиумите, граѓаните, производителите, гостите и сите љубители на традицијата и домашните производи да бидат дел од второто издание на Фестивалот на калинка.
Фестивалот на калинка е повеќе од манифестација – тој е приказна за Валандово, за нашите производители, нашата традиција и нашиот препознатлив плод.
Валандово ве очекува!
Дата: 17 октомври 2026 година
Време: 12:00 часот
Место:Плоштад Валандово




