Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој Никола Бабовски најави дека земјоделците за есенската сеидба ќе може да ја користат мерката „Зелена нафта“.
-Ние како Агенција распишавме тендер, денеска можам да кажам дека е успешно завршен, избран е економскиот оператор, во текот на наредната недела ќе биде потпишан договорот со економскиот оператор и до крајот на овој месец земјоделците ќе ги добијат првите картички за користење на зелена нафта, изјави Бабовски.
Со оваа мерка со која се покриваат 30% од трошоците за набавка на гориво за земјоделската механизација се опфатени 55.000 земјоделци, а буџетот е 200 милиони денари.
Земјоделците ќе користат картички кои ќе ги добиваат преку Министерството за земјоделство си чија помош ќе може да користат само Еуродизел гориво за земјоделска механизација.
П.Ј.