fbpx
ВестиВкусот на традицијата

Синџир супермаркети од Велика Британија ќе продава храна со поминат рок

Луѓето се задоволни ако купат нешто по пониска цена, па дури и да е со поминат рок. Британски синџир супермаркети е првиот голем трговец во светот кој ќе продава храна на која и поминал рокот. Со цел да се намали отпадот од храна, East of England Co-op, синџир со вкупно 125 маркети во Источна Англија, почна да обележува одредена храна со цена од само 10 пени со цел луѓето да ја купат наместо да се фрли.

Како што пишува TreeHugger, намалената цена се става само на храна која не се расипува како тестенини, чипсови, сушени производи, конзервирана храна и ориз. Намалените цени ќе траат еден месец, иако портпаролот на компанијата изјави дека хранат ја снемува од полиците за само неколку часа.

Оваа акција е дел од пошироката кампања на трговецот за подигање на свеста за отпадот од храна, која лукаво е наречена „The Co-op Guide to Dating”.  На сајтот на компанијата се вели дека 30%-50% од храната произведена на глобално ниво се фрла. Тоа се 7,3 милиони тони отпад од храна само во Велика Британија или 20.000 тони дневно. Просечното семејство во Велика Британија фрла храна во вредност од околу 60 фунти секој месец. Од East of England Co-op проценуваат дека со оваа нивна акција ќе се намали отпадот од храна за околу 2 тони годишно.

Храната на која на етикетата пишува „употребливо до“ не може да спадне во оваа кација затоа што не е безбедна да се консумира по наведениот датум. Британскиот синџир ја лансираше акцијата Reduced to Clear за таквата храна со цел што побрзо да се потроши пред да помине рокот.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close