fbpx
Вести

Земјоделците имаат на располагање 10 милиони евра од ИПАРД2

ipard2

Вкупно 10 милиони евра им стојат на располагање на земјоделците и земјоделските стопанства од првиот оглас за ИПАРД 2 програмата.  Изградба на фарми, нова механизација, маркетинг на земјоделските производи и развој на мали бизниси во руралните средини се некои од проектите со кои можат да аплицираат . Новина е тоа што наместо половина како досега,  ќе добијат поврат на 60 отсто од направената инвестиција.

Надлежните очекуваат парите да бидат стопроцентно искористени.

Државата субвенционира и 50 отсто од каматата на кредитите земени за реализација на ИПАРД проектите. Се воспостави и Гарантниот фонд со кој змејодлеците полесно можат да земат кредити од комерцијалните банки, однсоно државата гарантира за половина од хипотеката.

Крајниот рок за аплицирањето е 23 јуни. Вкупниот износ на европски пари од ИПАРД 2 достапни за македонските производители и преработувачи е околу 68 милиони евра до 2020.


 

сител.мк

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close