fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Панели ќе може да се поставуваат на помалку квалитетни ниви

Се менува законот за земјоделско земјиште

Поставување на фотонапонски панели на земјоделско земјиште од класа пет до класа осум се предвидува со измените на Законот за земјоделско земјиште, кои се во завршна процедура. Како што може да се види на платформата ЕНЕР, Предлог на Законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделско земјиште веќе е изработен.

– Измените и дополнувањето на Законот за земјоделското земјиште е во насока на доуредување на постоечките законски решенија кои ја регулираат оваа материја но истовремено и воведување на нови поими во законот како и давање на можноста Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство да располага и го дава под закуп и земјоделското земјиште во приватна сопственост во пропишана постапка и изградба односно постапување на фотонапоснки панели на земјоделско земјиште – се наведува во Законот поставен на ЕНЕР.

Според изработувачите Законот се заснова на истите цели – рационално користење на земјоделското земјиште, заштита на земјоделското земјиште, обезбедување на правна сигурност на корисниците на земјоделското земјиште  во државна сопственост под закуп. Целта на предлог е измена и дополнување заради доуредување на постојните законски одредби и воведување на нови законски решенија кои се однесуваат на рационално користење на земјоделското земјиште, неговата заштита како и воведување на нови поими и доуредување на одредни постапки.

– По точка 11-б се додава нова точка 11-в која гласи: „11-в Фотонапонски панели се градби на земјоделско земјиште од V до VIII катастарска класа наменети за производство на електрична енергија од сончева енергија.“ Во членот 8-а по ставот 4 се додава нови два става 5 и 6 кои гласат: „Министерството го евидентира земјиштето од ставот 1 на овој член по службена должност врз основа на податоците од ГКИС ситемот на агенцијата за кататстар на недвижности, системот за идентификација на земјишни парцели и други авионски и сателитски снимки до кој има пристап Министерството. Земјиштето евидентирано во став 1 од овој член се класифицира во три категории во зависност од надморска висина, педолошки карактеристики, демографски фактори, наклон на теренот, поволни хидролошки услови или достапност до вода за наводнување.“ – се наведува во измените на законското решение.

Со измените всушност се создава можност за искористување на земјоделското земјиште во производството на електрична енергија. Имено во членот 51-а став 1 по зборовите „обработка на земјоделски производи“ се додаваат зборовите „и фотонапонски панели“.

Ставот 6 се менува и гласи:  „Кон барањето за издавање на одобрение за изградба на градбите од ставовите 2 и 3 на овој член се поднесува: уверение за државјанство за физичко лице, односно извод од централен регистар за правно лице, доказ за сопственост или договор за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост или договор за користење на пасиште во државна сопственост, копие од катастарски план за катастарската парцела на која треба да се гради објектот, оранжеријата или фотонапонските панели, основен проект за објектот, оранжеријата или фотонапонските панели на кој е извршена ревизија, согласност од Министерството за градење на објектот, оранжеријата или фотонапонските панели на кој е извршена ревизија, доказ за решени имотно-правни работи доколку со основниот проект се предвидува поставување на придружни објекти на фотонапонски панели (подземни и надземни електрични водови и помошни инсталации) на земјоделско земјиште кое не е предмет на договорот за закуп или кое не е во сопственост на инвеститорот (само за изградба на фотонапонски панели), геодетски елаборат изработен од страна на трговец поединец-овластен геодет или трговско друштво за геодетски работи, со кој се определени катастарските податоци со точни мери и граници на земјоделското земјиште на кое се предвидува изградбата на фотонапонски панели (само за изградба на фотонапонски панели) и овластување издадено од надлежен орган, доколку согласно прописите за енергетика е предвидено овластување за изградба на фотонапонски панели(само за изградба на фотонапонски панели)“.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close