fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Земјоделците молат да ги дадат јаболката во индустријата, вели Димковски од МЗШВ

Добар дел од јаболката со по три денари за килограм, што ја опфаќа целата реколта, од 15 септември 2022 до 15 мај 2023 кога се предаваат количините на домашните откупувачи

Јаболката, праските и црешите се најпогодени од забраната за увоз на македонското овошје што ја воведе Русија. Забраната стапи во сила кон крајот на минатата година, а надлежните интензивно работат на нејзино укинување и се надеваат дека тоа ќе се случи до пролет. Во меѓувреме, велат, многу е тешко да се најдат алтернативни пазари за овие три култури.

Според Трајан Димковски од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), на рускиот пазар годишно извезуваме околу 15.000 – 20.000 тони конзумно јаболко што е 50 проценти од вкупниот извоз.

Во моментов, вели Димковски, земјоделците молат да ги дадат јаболката во индустријата.

-Минатите години ги завршувавме со 50 отсто предаден род во преработувачките капацитети што е недозволиво и економски неоправдано. Годинава ќе видиме како ќе биде. Индустрија има во секое производство, но до 20 отсто. Всушност, затоа е и мерката за поддршка на добар дел од јаболката со по три денари за килограм, што ја опфаќа целата реколта, од 15 септември 2022 до 15 мај 2023 кога се предаваат количините на домашните откупувачи, додаде Димковски.

https://nezavisen.mk/

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close