Земјоделски календар за Јануари

januari

Јануари е еден од најстудените месеци за нашaта географска положба. Просечната дневна температура е од 0 до минус 3 степени Целзиусови. Највисоките дневни температури достигнуваат до 11-15 степени, а најниските до минус 15 до минус 20 степени. Просечната месечна сума на врнежи е од 30-50 л/м2 . Во јануари преовладува претежно облачно време. Просечната должина на денот е 9,27 часа. Во овој зимски месец овошните и лозовите насади се во период на релативно мирување. Зеленчуковите култури се одгледуваат само во услови на заштитен простор. Болестите и штетниците се наоѓаат во стадиум на презимување, не се активни и не предизвикуваат штета. Борбата е насочена само кон уништување на презимните форми со цел намалување на заразата во пролет. Во јануари просечниот број на денови во кои може да се врши земјоделска работа се помеѓу 7 и 9. Снежната покривка и најмногу ниските температури ја ограничуваат можноста за спроведување на заштитата во растителното производство.

januari1

Овоштарство

Во јануари започнува резидбата, која помага да се отстрани заразата на гранчиња од брашнеста мана кај јаболкото и праските, краставост кај круши, раното кафеаво гниење кај коскестите овошни видови и др. Кога во овоштарникот има болни и исушени дрвја, тие задолжително се искоренуваат, за да не се дозволи разпространување на причинителот на болеста или успешно презимувње на штетниците. По резидбата сите исечени гранки и помали гранчиња се собираат, се отстрануваат надвор од овоштарникот и се согоруваат. Овошни дрвја во вегитациониот период може да бидат нападнати од голем број на штетници, како прстенотворки, губар, жолтомешка, пеперутката на јаболковиот црв, педомерки-гасеници (мала зимска и голема зимска гасеница), и листосвиткувачи и др. Тие презимуваат на овошните дрвја. Со собирањето и уништувањето на презимувачките стадиуми на овие штетници се спречува намножувањето напролет и се олеснува водењето на хемиската борба со нив. Во овој месец е потребно да се изврши отстранување на исушените и мумифицирани овошки, останати од претходната година, главно, коскестите овошни видови (цреша, вишна, кајсија, слива и праска) и најмногу по дуњите. Тие се главен извор на зараза од кафеаво гниење, исчезнување на папките и други болести. Во нив, исто така презимуваат некои штетници, како нематоди, прасков молец и др. Бадемовиот семејад, најопасниот непријател на бадемите, исто така презимува во оштетените плодови, кои останале главно на дрвјата после бербата. Собирањето на овие плодови, и нивното уништување, штити од појавата на овој непријател следната година. Кај јагодестите култури во јануари исто така се праземаат агротехнички мерки за заштита. Се врши обработка на почвата со цел уништување на заразата од црвени и бели лисни дамки на јагодите, нематоди на коренот на јагодата и други кои презимуваат во почвата и на испаднатите листови. Со извршувањето на длабока обработка на почвата околу малините се ограничува ширењето на `рѓата, малиновиот бумбар или малинов цутојад, малиновата мува, малиновиот молец и други штетници. Кога обработката на почвата се врши во текот на зимските денови, презимувачките форми на инсектите излегуваат на површината, каде загинуваат од ниските температури. Лозарството

Во јануари, во лозарството се вршат релативно малку, како агротехнички, така и мерки за заштита. Во сончевите и потопли денови треба да се изрши ревизија лозите за утврдување на зараза од црвен овошен пајак и гроздови молци (жолт и сив), непријатели кои често ги напаѓаат лозовите насади и предизвикуваат значителна штета. Овие штетници презимуваат како јајца на чеповите на лозјата и околу пупките на лозови прачки и во пукнатините на кората. Со овие проверки ќе се востанови густината на штетниците и ќе планираат мерки за борба против нив во вегетациониот период. Повеќето од земјоделците, кои ќе подигаат нови лозови насади, го купуваат потребниот саден материјал во есен и го чуваат до пролет следната година. За да не се дозволи наезда од габа-црнокафеави дамки под кората-црнилка, потребно е да се создаде оптимален режим на чување. Мора да се одржува влажноста на воздухот околу 60-65%, и влажност на песокот околу 3-5%, а температурата на воздухот да биде од 2-6 степени Целзиусови. При зголемување на температурата над 8-10 степени, има опасност од никнување на пупките. Во јануари често температурите паѓаат до многу ниски вредности. Неопходно е да се знае дека температури под минус 20 степени можат да доведат до смрзнатини на дел од пупките на лозовите насади. На крајот на месецот треба да се изврши ревизија за присуство на смрзнатини. Оваа проценка е неопходна за правилно нормирање на родот во наредната година преку резидбата.

Градинарство

Јануари е најстудениот месец од годината. Во тоа време зеленчуковите култури се развиваат само во култивациони објекти – пластеници и стакленици. На полето се одгледуваат само некои култури засадени наесен, како лук, кромид и спанаќ. Сите напори се насочени кон подготовките за одгледување на зеленчуковите култури во следните месеци и летото. Се подготвуваат полиетиленски оранжерии за експлоатација. Се врши сеидба за производство на расад од домати, пиперки, краставици и тиквички за одгледување во стакленици или загреани полиетиленски оранжерии. Здрав расад се добива кога се одгледува на дезинфицирана почва или супстрат, а за сеидба се користат здрави и дезинфицирани семиња. Засејувањето се врши во култивациони капацитети, кога температурата на почвата достигне околу 20 степени. До средината на месецот се сее семето од домати, пиперки, зелка и карфиол. Започнува `ртењето на семенскиот материјал на раните компири. Тоа се врши во темни просториите при температура од 15-18 степени. Ако местата каде што ќе се одгледува расадот се населат со попово прасе, пред сеидба треба да се постават мамки. Тие се продаваат во земјоделските аптеки, но може и да се подготвуваат од пченични отсевки, трици, јарма, кога на 1кг од нив се додаваат 2 лажици Нуреле. Добиените мамци се поставуваат, кога на 1м2 површина се става 15-20 г од подготвениот мамец.

Share Button