Земјоделски календар за месец Јули- поледелство

(Oвој напис е објавен на: July 5, 2018)

Во средината на месецот се започнува со жетвата на јачменот. Кај пченицата треба да се
продолжи со мониторинг на појава и развој на прашкаста мувла и напад од инсекти и по
потреба треба да се третира со соодветни фунгициди и инсектициди. Овесот потребно е
да се следи заради појава на житна пијавица и по потреба да се третира со соодветни
регистрирани за таа цел препарати.
Кај компирот продолжува борбата против компировата златица. Во овој период започнува
бербата на раните сорти компир.