fbpx
Вести

Зголемен интерес за ново производство на тутун

tutun

Зголемен интересот за новото производство на тутун за 2018-та година. Секој земјоделец кој има намера годинава да ја одгледува оваа култура, мора да има евидентен лист кој ќе се користи за склучување на договорите за откуп со монополите.

Тутунарите се подготвуваат за новата реколта. Најдоцна до 31-ви март, пред да склучат договори за откуп, мораат да го пријават новото производство за оваа година.

Пријавувањето се врши во подрачните единици на министерството за земјоделство каде што е местото на живеењето на производителот независно каде се наоѓаат површините со тутун.

Земјоделците треба да добијат евидентен лист со сите катастарски парцели на кои ќе садат тутун, според типови и количества, кој ќе се внесува во регистерот на земјоделските стопанства.

Заедно со осумте досегашни откупувачи од оваа година во новата реколта влегува и уште една странска команија. Ново лиценцираната грчка „Мисиријан“ им се придружува на монополите и ќе почне да склучува договори за откуп со тутунарите.

Досега од ланската реколта се откупени повеќе од 23,5 илјади тони тутун, со просечна цена од 217 денари за килограм.


 

мрт

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close