fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Жена од Гостивар со измама зела земјоделски субвенции

Станува збор за жителка на селото Топлица која сторила кривично дело – Измама при добивање кредит или друга погодност од член 249 од Кривичниот законик.

Основното јавно обвинителство Гостивар до надлежниот суд достави Предлог за издавање казнен налог против 41-годишна жителка на селото Топлица која сторила кривично дело – Измама при добивање кредит или друга погодност од член 249 од Кривичниот законик.

„Обвинетата, до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој преку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство – Подрачна единица Гостивар, поднела барање за субвенции за 2021 година во кое навела невистинити податоци. Нерегуларностите во поглед на бројната состојба и ушните маркици на стоката биле утврдени при контрола од овластени лица од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој спроведена на 16 септември.“, соопшти обвинителството.

Јавниот обвинител предложи на обвинетата да и биде определена парична казна од 10 до 100 дневни глоби.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close