Вести
Зголемен промет во трговијата на мало со храна, пијалоци и тутун, намален кај горивата
Во трговијата на мало, во септември годинава во споредба со септември минатата година, статистиката евидентира зголемен промет во групите: „трговија на мало со храна, пијалаци и тутун“ за 8,6 проценти, „трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво за 6,1 процент) и во „трговија на мало, освен трговија со горива“ за 7,8 проценти.
Како што објави денеска Државниот завод за статистика, во групата „трговија на мало со автомобилски горива“ прометот номинално е зголемен за 16,6 проценти, а реално е намален за 1,3 проценти.