fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

„Жито Караорман“ од Кичево покажа огромна загуба од 3,32 милиони евра

Новиот газда засега не се „посреќи“ со мелничко-пекарската фирма, пишува Фактор.мк

Огромна загуба од 3,32 милиони евра за минатата година искажа компанијата на бизнисменот Селаудин Арифи, „Жито Караорман“ од Кичево, пишува faktor.mk

Тој негативен финансиски резултат може да се види од неревдираниот Биланс на успех на компанијата, кој таа го објави преку Македонската берза.

Како што е познато, минатата година беше карактеристична по тоа што Селаудин Арифи ги презеде акциите од претходно доминантниот сопственик Сретен Миладиноски, и токму тој стана управувачки и главен акционер на компанијата.

Од Билансот на успех се гледа дека компанијата лани сепак имала солидни приходи, кои изнесувале 1,8 милиони евра, но затоа расходите биле многу повиски и биле на ниво од 5,1 милиони евра.

На расходната страна најмногу се зголемени останатите трошоци од работењето, за кои не се знае кои се, а кои изнесувале фантастични 1,3 милиони евра.

Во образложението кое „Жито Караорман“ го дава до Берзата е наведено дека има загуба, но не се наведени причините зошто е дојдено до толку висок негативен финансиски резултат, односно на што толку трошела компанијата, за да дојде до толку високи расходи.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close