fbpx
ВестиВино

Златни медали за врвните вина „Бела вода“ на ВВ „Тиквеш“ во Кина

Винарската визба „Тиквеш“ го надмина минатогодишниот успех остварен на најголемиот и најценетиот натпревар на вина и жестоки пијалаци на азискиот континент, што се одржува во Хонг Конг – Кина. На годинешниот China Wine & Spirits 2017, врвното тероар вино „Бела вода“ (бело) 2016 е наградено со двоен златен медал, а црвеното „Бела вода“ 2015 со златен медал. На истиот натпревар минатата година, „Тиквеш“ освои два златни и еден сребрен медал.

За значењето на овие високи награди за вината на „Тиквеш“ говори и податокот дека тие се освоени во конкуренција од над 5000 светски вински брендови кои се селектирани и оценувани од страна на претставници на најголемите увозници на вино, ресторани, хотели, специјализирани продавници и трговски ланци во Кина, кои прават нарачки од над 90 милиони шишиња вино годишно.

– Исклучително сме задоволни од повторувањето на минатогодишниот успех на овој натпревар. Тоа го зајакнува потенцијалот за унапредување на позициите на нашите врвни вина на овој голем вински пазар, каде конкуренцијата е голема и ја сочинуваат водечките глобални вински брендови и производители. Веруваме дека тоа ќе има влијание врз зголемувањето на пласманот на нашите вина на кинескиот пазар, бидејќи оценувањата и наградите ги доделуваат оние што точно знаат што сакаат потрошувачите на кинескиот пазар – изјави генералниот директор на ВВ „Тиквеш“, Радош Вукиќевиќ.

На годинешниот натпревар во Кина златен медал му е доделен и на премиум виното „Гранд Куве“ од бербата во 2015-та, произведено во винарницата „Домен Лепово“. Со вакво високо признание ова вино од бербата 2013, беше наградено и минатата година.

Повторувањето на успехот на вино од овој премиум бренд е потврда за неговиот висок квалитет и севкупна вредност, што особено се цени во винскиот свет и претставува одлична препорака за познавачите и купувачите на премиум вина.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close