fbpx
ВестиФотогалерија

Пролетта е така прекрасна, но ако сме неодговорни некој од нас нема да ја види !

Бидете совесни, одговорни и заштитете се себе си и своите најблиски ! Седете дома и уживате во нашата галерија !

Вирусот Корона ни се закани со својата огромна моќ, ја затвори државата, го затвори светот …. не натера на совесно и свесно однесување, на помагање, хуманост, на осуда на оние кои ова не го почитуваат.

Застанавме сите зад одговорниот и пожртвуван Минстер Филипче и во поддршка на сите инстиуции кои се борат со оваа пандемија.

Застанавме како никогаш до сега ! Обединети ! Без размислување за националност, партија, вероисповест, сите заедно, да се справиме со оваа болест која коси низ Европа.

Додека надвор, природата се буди и за некоја недела и званично ќе настапи најубавото годишно време и ќе ја обои нашата околина, сивилото на моменталната ситуација ја окупира нашата мисла.

Сепак,нашиот фотограф Ивона Кочов успеа да ја улови целата убавина на природата во овој март и да ни помогне барем преку фотографија да уживаме.

Останете дома!

Посветете го времето на сето она што до пред скоро не наоѓавме време. Читајте книги, гледајте филмови, играјте и уживајте со вашите деца, вежбајте, смејте се …

И со Вашето однесување дозволете им на сите околу Вас а и Вие да ја гледате убавината на пролетта уште многу години !

Хрстина Фуна

 

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close