Змија каснала двајца велешани додека работеле на лозје
Лозарите налетале на змиско гнездо
Змија каснала двајца велешани додека работеле на лозје во петокот околу 9ч во близина на Војнички Мост, кај селото Војница, кои откако им се влошила состојбата се префрлени на Инфективната клиника во Скопје.
Ѓ. Р. (76) и З. М. (64) налетале на змиско гнездо, а змијата, според нивно кажување поскок, го каснала прво едниот на третиот прст од раката, вториот притрчал да помогне па го каснала и него за четвртиот прст од раката. Со нив имало и други лица кои притрчале, го подврзале местото на каснувања и со сопствени автомобили тргнале во болницата во Велес. Тие веднаш побарале и помош од Итната помош.
„Примен е повик за каснати лица од змија, екипата веднаш се упатила, пресретнати се на пат за Велес, дадена е неопходната помош, по што итно се префрлени в болница“, кажа д-р Василка Пановска, началничка на службата на Итна помош при Здравствениот дом.
Од Општата болница во Велес кажаа дека на двајцата пациенти каснати од змија по 15 часот им се влошила состојбата и се префрлени на Инфективната клиника во Скопје.
Извор https://sdk.mk