вести

Откупени 11.235 тони тутун, просечната цена 186,7 денари

Вкупно 11.235 тони тутун во вредност од 2,098 милијарди денари се откупени заклучно со 20-ти јануари.

otkupeni 11 235 toni tutun prosechnata cena 186 denari

 

Како што информира Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), просечната откупна цена е 186,7 денари, а се исплатени 81 отсто од преземените количини тутун.

– Родот годинава е со добар квалитет, а тоа го потврдува и постигната цена, истакнуваат од МЗШВ.

Тутунарите први ги добиваат субвенциите од 60 денари за килограм, по завршувањето на откупот.

Од Асоцијацијата на земјоделци велат дека проблем се јавува само со Струмица Табак кои уште не почнале со откупот, со образложение дека немаат пари да ги исплатат тутунарите.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close