fbpx
ВестиВино

„Тиквеш“ e прва винарница од земјава која искористи ИПАРД фондови

Винарската визба „Тиквеш“ ја заокружи инвестицијата во најсовремена технологија за преработка, одлежување и полнење на виното, поддржана од Инструментот за претпристапна помош на Европската Унија – ИПАРД. Вкупните вложувања на ВВ „Тиквеш“ во реализацијата на овој инвестициски проект надминуваат 78 милиони денари (1,2 милиони евра), од кои преку ИПАРД се обезбедени приближно 30 милиони денари (480 илјади евра).

tikvesh e prva vinarnica od zemjava koja iskoristi ipard fondovi

 

„За нас оваа инвестиција има исклучително значење, затоа со неа одиме чекор понатаму во севкупната модернизација на винарницата во која во континитет вложуваме и која придонесува за производство на вино со висока додадена вредност и премиум квалитет. Дополнително значење за нас е тоа што дел од средствата во проектот се обезбедени од програмите на ЕУ, затоа што на тој начин добиваме дополнителна потврда дека нашите инвестиции се компатабилни со стандардите и приоритетите на Унијата“ изјави генералниот директор на винарската визба „Тиквеш“, Игор Илиевски, заблагодарувајќи ѝ се на Агенцијата за поддршка на земјоделството и руралниот развој за добиената институционална поддршка и партнерскиот однос во текот на реализацијата на проектот.

Вкупната инвестиција од 1,2 милиони евра е наменета за набавка на најсовремена опрема која вклучува опрема за одлежување и пакување на виното, како и најсовремена лабораториска опрема.

Една од главните цели на ИПАРД програмата е натамошно подобрување на конкурентноста на македонските земјоделски стопанства и компании, преку инвестиции во технологија која ќе им овозможи зголемување на додадената вредност на нивните производи и достигнување на стандардите за квалитет на Европската Унија. Со задоволство можам да констатирам дека со финансиските средствата кои се вложени во овој проект за натамошна модернизација на винарската визба „Тиквеш“, оваа цел се остварува на најдобар можен начин“ потенцираше директорката на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, Билјана Вуковиќ.

Реализацијата на овој проект е продолжение на обемниот инвестициски циклус на ВВ „Тиквеш“ за модернизација и натамошно унапредување на прозводството на врвни вина кој за една деценија надмина 30 милиони евра. Винарницата и понатаму останува посветена кон својот одржилив раст и развој во што континуирано, секоја година, се вложуваат значителни финасиски средства.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close