fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

Не е познато колку од оваа сума е за нето плати, придонеси, обуки, бонуси, К-15 и слично.

„Лидл Северна Македонија“, според податоците кои „Фактор“ ги провери во Централниот регистар, во 2023 веќе имал 95 вработени во земјата и нивниот број за една година се зголемил за 46 отсто.

Според билансот кој го проверивме, „Лидл“ иако уште не работи активно во малопродажбата, прикажал трошоци за вработените од 208.638.695 денари (3.420.000 евра) во текот на минатата година. Тоа значи дека германскиот малопродажен ланец на еден вработен во Македонија месечно трошел во просек по точно 3.000 евра.

Не е познато колку од оваа сума е за нето плати, придонеси, обуки, бонуси, К-15 и слично. „Лидл“ уште во 2021 започна да објавува огласи во Македонија за повеќе од десетина слободни работни позиции за архитекти, градежни инженери, ИТ-специјалисти и за бизнис-консултанти, објави Фактор.мк.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close