fbpx
Вести

Македонија е најголем „увозник” на глобалните брендови

„Милка” и „Кока-кола” се најдобрите брендови во земјите од регионот, а Македонија е најголем „увозник” на глобалните брендови, покажуваат резултатите на годинешното истражување на агенцијата „Валикон” за силата на брендовите од категоријата производи за широка потрошувачка.

makedonija e najgolem uvoznik na globalnite brendovi

 

Македонија е најголемиот „увозник” на глобални брендови. Само три локални бренда се меѓу топ 10 во Македонија, но и само два регионална („Аргета” и „Вегета”). Глобалните брендови зазеле пет позиции „Милка”, Кока-кола”, „Орбит”, „Нескафе” и „Пепси”.

Истражувањето покажа дека Србија и Хрватска не „увезуваат” регионални брендови, односно на листите на двете најголеми земји од регионот има домашни или глобални брендови во Хрватска само три, a во Србија четири глобални брендови. Хрватска е најголемиот „извозник” на брендови, а во четири случаи хрватските брендови се меѓу топ 10 во другите земји („Вегета” во БиХ и Македонија, односно „Цедевита” во БиХ и Словенија). Србија има два („Смоки” и „Јафа“ во БиХ), a Словенија еден („Аргета” во БиХ и Македонија).

БиХ е најголемиот „увозник” на регионални брендови два хрватски („Цедевита” и „Вегета”), два српски („Смоки” И „Јафа“) и еден словенечки „Аргета“) бренд. Сите земји, со исклучок на БиХ, меѓу десетте најсилни брендови имаат локален бренд на минерална вода. „Раденска” е трета во Словенија, a во Хрватска покрај „Јамница” е и „Јана” (во категоријата негазирани води). „Књаз Милош” во Србија е на петто, а „Пелистерка” на осмо место во Македонија.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close