вестиСоветиТоп вести

Дезинфекција  на земјата во пластеници

Дезинфекција  на земјата во пластеници

Откако ќе заврши една сезона  пред да започне новото производство во  стакленикот, исклучително е важно просторот да биде соодветно подготвен за следниот циклус. За да се произведат садници со добар квалитет и да се обезбеди добар принос, потребно е да се дезинфицира површината за производство, со што се уништуваат евентуални остатоците  на инсекти,  габи, бактерии …

Многу е важно да се отстранат остатоците од растенијата од стакленикот по секој циклус на производство и добро да се исчисти. Можеме да ги компостираме отстранетите остатоци од растенија и со тоа да добиеме ѓубриво за следните сезони, доколку растенијата не биле изложени на силно наезда од штетници или напади.

Стеблата и лисјата, јажињата за врзување, цревата за наводнување се отстрануваат во зависност од видот на системот. Рамките и фолиите се чистат, а начинот на чистење зависи од тоа од кои материјали се изработени. Миењето може да се направи со топла вода или со сода бикарбона, со  мек сунѓер, јута или четки.

Дезинфекција на почвата значи изложеност на почва на ефектите на физички или хемиски агенси со цел да се уништат штетните организми содржани во нив. Пред спроведувањето на мерките за дезинфекција, преостанатите растителни остатоци кои содржат голема количина на патоген инокулум мора да бидат отстранети и уништени.

Дезинфекција на почвата може да се направи физички, со изложување на почвата на висока температура, пареа, каде што уништувањето на штетните организми се јавува како резултат на дејството на висока температура. Оваа мерка е тешко да се изврши на поголеми површини. Затоа, се пристапува кон други видови на дезинфекција.

Хемиските методи за дезинфекција на почвата вклучуваат употреба на контактни фунгициди или фуминиганти. Нивната примена е ограничена на паразити само во површинскиот слој на почвата. Тие се применуваат со распрскување  на препаратот на површината на почвата, мешајќи го со почвата, како и наводнување на растенијата и почвата со суспензија на препаратот.

Како се врши биолошка стерилизација на почвата?

Најдоброто време на примена е во есен кога температурите се сè уште високи и кога времето на дејствување на штетните организми е пократко. Влијае на габи кои предизвикуваат гниење и изгореници, грини кои хибернираат во земја, полжави и јајца, нематоди, семе од плевел.

 

Исто така, мора да се земе предвид циклусот на развој на инсекти што паѓа во подлабоките слоеви на почвата во есен. Ако третманот се изврши подоцна во есен, односно кога организмите се подговуваат за хибернација, тие остануваат надвор од дејството на фумиганот.

 

Оваа постапка може да ја повториме на секои 3 години. Се разбира, без други мерки за нега, нема успешно производство во стакленик. Оранжерии треба да бидат проветрени, да се избегнува густо садење на растенија и да се наводнуваат умерено без натопување.

Дезинфекција на алати и прибор за работа

Сите алатки што се користат во пластеникот во текот на зимата треба да се исчистат, да се подготват за новата сезона (заострени), добро да се  измиени со топла вода или премачкани  со алкохол. Дезинфекција на алати и прибор за работа , исто така, може да се направи со натопување на алатот во 10% раствор на сода 5% раствор на син-камен.

Во пластеникот не треба  да се пуши бидејќи тутунот е преносител на многу вирусни заболувања на растенијата. Не треба да има отпад околу стакленикот – треба да се отстранува плевелот и да се избегнува   садење растенија кои, со својот мирис и материи што ги лачат, предизвикуваат штетници и ја намалуваат виталноста на патогените микроорганизми.

Алкохолот е средство за дезинфекција на ножеви и раце кои носат голем број на патогени микроби, особено вируси, при садење растенија или за време на други операции  со растенијата. Натриум хипохлорид, средство познато како варикина, исто така може да се користи како средство за дезинфекција за алати, амбалажа, садови и работни површини, и се користи како раствор со вода во сооднос 1: 5, пишува Агромедиа.

подготви: П.Ј.

 

 

 

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close