вестиТоп вести

Како Љубљана се ослободи од отпадот?

(Oвој напис е објавен на: декември 25, 2019)

Љубљана е првиот европски град што се обврза да стане град без отпад. Пред 15 години на депониите се носеа тони отпад, а денес количината е драстично намалена. Планот на градските челници е наскоро целиот отпад да се рециклира, па за депониите да не остане ништо.

Се чини дека Љубљана е подобра во рециклирањето од кој било друг град. Неверојатни 70 отсто од тамошниот отпад се користат повторно.

За Словенците, рециклирањето е природно нешто. Од нив не се очекува само да го селектираат отпадот. Ако сакате да фрлите нешто што не може да се рециклира, тоа ќе ве чини едно евро. Но, ни тој отпад нема да биде испратен на депонија. Љубљана има постројка за обработка на отпадот, која прима 170.000 тони отпад во текот на годината.

Таму органскиот отпад се претвора во ѓубриво за земјоделството, а останатиот отпад во нешто корисно.

Погледнете како изгледа тоа. Имаме многу за учење.

Слични написи

Back to top button
Close