fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Жена земјоделец-Мирјана Димкова со нов трактор преку програмата за рурален развој

Бачовски во посета на Врсаково, штипско

Денеска во с.Врсаково Штип во посета на  Мирјана Димкова и нејзиното семејство кое се занимава со обработка на полјоделски култури беше директорот на Платежната агенција Никица Бачовски.
Димкови обработуваат околу 100 ха земјоделско земјиште со помош на модерна земјоделска механизација добиена со финансиска поддршка од АФПЗРР.
Последното модернизирање е со нов трактор, добиен преку програмата за рурален развој.
Исто така со успешна апликација за грант од мерката Рурална жена, стопанскиот двор е збогатен со нов елеватор кој значително ја олеснува работата на ова земјоделско стопанство.
Со редовно и целосно исплатени субвенции и континуирана поддршка во модернизација на механизацијата ,земјоделското производство останува во фокусот и на помладата генерација – нивните деца кои имаат големи планови за иднина.
Како институции наша главна обврска е да создаваме добри предуслови за развој на земјоделските стопанства, нешто што ваквите примери ни докажуваат дека го правиме успешно, објави Бачовски.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close