fbpx
ВестиОгласникТоп вести

АФПЗРР објави повик за користење средства по мерката 7

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој

на 04 октомври 2019 година објавувa
ЈАВЕН ПОВИК бр.01/2019
за доставување на барања за користење на средства од
ИПАРД Програмата 2014-2020
ДЕЛ I
1. Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (во
понатамошен текст: Агенцијата) како надлежна институција и договорен орган за
спроведување на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на ЕУ (ИПАРД)
ги повикува сите заинтересирани физички и правни лица од Република Северна
Македонија да достават барања за користење на средства од ИПАРД Програмата 2014-2020
за следната мерка:
Мерка 7 – Диверзификација на фармите и развој на бизниси.
2. Финансиската поддршка за овој Јавен повик е составена од 75% средства обезбедени од
Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД)
согласно Финансиската Спогодба 2014-2020 и 25% средства обезбедени од Буџетот на
Република Северна Македонија.
3. Финансиски средства по поединечно барање се доделуваат како неповратна финансиска
поддршка (грант) во износ од:
3.1. 65% од вредноста на вкупно прифатливите трошоци на инвестициите за мерка 7 –
Диверзификација на фармите и развој на бизниси.
4. Крајниот рок за поднесување на барањата е 18 ноември 2019 година
5. Вкупната финансиска поддршка во рамките на овој јавен повик изнесува: 16.569.471,00
евра или во денарска противвредност 1.018.926.365,00 денари.
6. Подигнување на обрасци и упатства:
Потребните обрасци од „Барањето за користење на средства од ИПАРД Програмата
2014-2020“ како и „Упатство за корисници на средства од ИПАРД Програмата 2014-2020“ во
кој се содржани сите информации за критериумите, условите за прифатливост на
проектите и условите за финансирање и останати информации кои се неопходни за
изготвување на барање за користење на средства од ИПАРД Програмата 2014-2020,
Упатство за изготвување на Деловен План / Технички Предлог Проект и останати корисни
информации во електронска верзија може да се превземат на веб-адресата на Агенцијата:
www.ipardpa.gov.mk.
Печатените обрасци од барањето за користење на средства од ИПАРД Програмата
2014-2020 за мерка 7 и Упатство за корисници на средства од ИПАРД Програмата 2014-
2020 за мерка 7 може да се подигнат директно во Агенцијата на адреса: Агенција за
финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, бул. 3-та Македонска
бригада бр.20, (згр. Македонија Табак блок Ц), 1000 Скопје и во најблиските регионални
центри или работни единици на Агенцијата за поттикнување на развој во
земјоделството секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот. (Листата на регионални центри
или работни единици на Агенцијата за поттикнување на развој во земјоделството со
податоци за контакт е објавена на веб-адресата www.ipardpa.gov.mk).
7. Начин на поднесување на барањето:
Барателот треба да пополни и поднесе Барање за користење на средствата од
ИПАРД Програмата 2014-2020 за мерката 7 – Диверзификација на фармите и развој на
бизниси и целокупната документација како што е наведена во овој Јавен Повик.
Пополнетото Барање за користење на средства од ИПАРД Програмата 2014-2020 за
мерка 7 и целокупната документација се доставуваат во затворен плик со назнака на
предната страна на пликот во горниот лев агол „НЕ ОТВАРАЈ“ за Јавен оглас ИПАРД број
01/2019 и назначување на мерката за која се поднесува барањето. Барањето може да се
достави по пошта како препорачана пратка или лично во писарницата на Агенцијата.
Напомена: Заради извршувањето на контролата на терен од страна на Агенцијатa
потребно е барателот да има кај себе копии од целокупната документација доставена до
Агенцијата.
Подетални информации на контакт тел. (02) 3097-460 или на контакт е-маил адреса:
ipardpa.info@ipardpa.gov.mk и на веб-страната: www.ipardpa.gov.mk.

ДЕЛ II

ДИВЕРЗИФИКАЦИЈА НА ФАРМИТЕ И РАЗВОЈ НА БИЗНИСИ

1. Приоритетни сектори
Групите на инвестиции по приоритетни сектори се однесуваат на следниве типови на
инвестиции:
 Инвестиции во алтернативно земјоделско производство
 Инвестиции во производство на прехранбени производи и пијалоци
 Алкохолни производи од грозје или овошје и пиво;
 Колачи, тестенини и пекарски производи;
 Чај и билни екстракти;
 Зачини и билки;
 Слатководна риба, ракови и мекотели и
 Други производи кои не се наведени во Листа на производи од Анекс I на
Договорот за функционирањето на ЕУ.
 Инвестиции во производство на не-прехранбени производи
 Инвестиции во занаетчиски дејности
 Инвестиции во услуги во земјоделството
 Инвестиции во услуги за руралното население
 Инвестиции во рурален туризам
2. Корисници
Физички лица кои се регистрирани со живеалиште во рурална средина или имаат
регистрирано економска активност во рурална средина:

 Физичко лице кое е регистрирано како занаетчија во Регистарот на занаетчии,
согласно Законот за занаетчиска дејност за активности за кои е предложена
инвестицијата;
 Физичко лице кое е регистрирано како угостител (вклучувајќи сместување) во
Регистарот за угостители согласно Законот за угостителска дејност, за
активностите за кои е предложена инвестицијата;
 Физичко лице кое е регистрирано како Трговец поединец во Централниот
регистар во согласност со Законот за трговски друштва;
 Физичко лице регистрирано во Единствениот регистар на земјоделските
стопанства како претставник на земјоделско стопанство или друг член на
земјоделското стопанство и
 Физичко лице регистрирано како индивидуален земјоделски производител во
Регистарот на земјоделски производители во Министерство за земјоделство,
шумарство и водостопанство или во Фонд за пензиско и инвалидиско
осигурување.
Физички лица кои предлагаат нови инвестиции за стапување во економски активности
во руралните области (на пример за самовработување) се прифатливи за поддршка во
рамките на оваа мерка само доколку ги исполни специфичните барања, односно ако
тој/таа:
 поседува докажани професионални способности преку стручно образование или
стручна обука или друг професионално признат сертификат за одделна
стопанска не-земјоделска дејност;
 се обврзе дека на крајот на инвестицијата (пред поднесување на конечното
барањето за исплата) тој/таа ќе ја регистрира економската активност како
занаетчија, угостител или трговец поединец во општината каде што се наоѓа
руралната средина.
Правни лица регистрирани во Централниот регистар Р. С. Македонија, а се наоѓаат во
ранг на микро и мали претпријатија согласно критериумите наведени во Препораката
на Комисијата 2003/361 / ЕК. При пресметката на големината на субјектот во предвид
се земаат и сите партнерски и поврзани претпријатија со барателот, а пресметката на
големината на субјектот се врши согласно методологијата на горе наведената
Препорака на ЕК.
Потребните податоци врз основа на кои може да се утврди големината на правниот
субјект се добиваат од документот „ПРЕГЛЕД НА ПОДАТОЦИ ОД ГОДИШНАТА
СМЕТКА ЗА ПРЕТХОДНАТА ГОДИНА” издаден од Централен Регистар на Република
Северна Македонија.
При утврдување на големината на субјектите се земаат и податоците од Централен
депозитар за хартии од вредност на Република Северна Македонија за удели во
акционерски друштва на барателот и сите регистрирани сопственици на барателот
и поврзани субјекти.
При утврдување на големината на субјектот се земаат во предвид и поврзаните
субјекти надвор од границите на Република Северна Македонија.

Критериуми за големина на претпријатие
Ранг на претпријатие
Број на
вработени
Годишен приход (обрт) Биланс на состојба
Мало <50 ≤ € 10 милиони ≤ € 10 милиони
Микро < 10 ≤ € 2 милиони ≤ € 2 милиони
Ново формираните претпријатија ќе се оценуваат врз основа на очекувана големина
како што е предложено во деловниот план или техничкиот предлог проект.
Задруга која е регистрирана во Централниот регистар, во согласност со Законот за
задруги и која првенствено се занимава со земјоделска дејност, сеча на дрва, собирање
на шумски производи, преработка на земјоделски и шумски производи, маркетинг на
земјоделски производи и/или услуги поврзани директно со земјоделски и шумски
активности. Предложената инвестиција треба да биде во согласност со целите на
задругата, а кои се наведени во статуот на задругата.

3. Општи критериуми за доделување на средства
– Инвестициите треба да се реализираат на имот кој е во сопственост на
барателот. Во случај на инвестициски проекти, кои се реализираат на имот кој
не е во сопственост на барателот потребно е да се прикаже документ со кој се
докажува право на користење на имотот кој е предмет на инвестицијата, за
период од најмалку 7 години од денот на поднесување на барањето за
финансиска поддршка.
– Барателот – физичко лице треба да обезбеди потврда, документ за докажување
на професионалните компетенции за одделна економска не-земјоделска
дејност со најмалку средно образование или високо образование или стручно
образование и стручна обука со диплома / уверение. Кандидатите кои не ги
исполнуваат горенаведените вештини и компетенции, на крајот на
инвестицијата треба да обезбедат сертификат за обука кој е издаден од страна
на релевантните стручни институции за обука, едукативни и истражувачки
институции или јавни советодавни услуги, вклучувајќи ја листата на присуства
на модули за обука во врска со инвестициите.
– Најмалку едно одговорно лице на индивидуалниот земјоделски производител,
правното лице или земјоделската задруга треба да е во редовен работен однос
или да биде ангажиран под договор со времетраење од не помалку од пет
години. Физичките лица треба да бидат постојано вработени како трговци
поединци, занаетчии или угостители. Во случај на нови инвестиции овој услов
треба да се постигне пред поднесувањето на конечното барање за исплата.
– Барателите претставувани од страна на правно лице во случај нивниот капитал
да е во сопственост на јавен орган или органи или од страна на државата со
повеќе од 25%, не се прифатливи корисници по оваа мерка.
– Проектот е прифатлив за финансирање доколку локацијата на која е
планирано да се реализира инвестицијата се наоѓа во рурална средина.
– Помош може да биде доделена на корисниците чии инвестициски проекти
овозможуваат финансиска / економска одржливост. Економската и
финансиската одржливост ќе се оценува врз основа на деловен план или
технички предлог проект. Барателот треба да ја прикаже можноста за
континуитетот на работењето во текот на најмалку пет години од реализација
на инвестицијата.
– Во случај на предложени проекти кои што имаат вкупен износ на прифатливи
трошоци поголем од 50.000 евра во денарска противвредност, економската и
финансиска оддржливост ќе се оценува преку Деловен План врз основа на
следните економски индикатори:
 Модифицирана интерна стапка на рентабилност која треба да биде
поголема од 0,
 Нето сегашна вредност која треба да биде поголемо од 0, и
 Период на враќање на инвестицијата кој треба да биде помал од 10 години
– Во случај на предложени проекти кои што имаат вкупен износ на прифатливи
трошоци помал од 50.000 евра во денарска противвредност, економската
оддржливост се демонстрира преку Технички предлог проект кој што ќе
содржи финансиски индикатори во смисла на генерирање приход со кој ќе се
надоместат трошоците.
4. Висина на финансирање
Вкупната финансиска поддршка (75% ЕУ фондови + 25% национално ко-финансирање)
нема да ја надминува границата од 65% од вкупните прифатливи трошоци на
инвестицијата.
 Минимална вредност на вкупните прифатливи трошоци за предложен
инвестициски проект треба да изнесуваат 1.500 евра во денарска противвредност.
 Максималните вредност на вкупни прифатливи трошоци за предложен
инвестициски проект не треба да надминуваат 1.000.000 евра во денарска
противвредност.
 Максималната финансиска поддршка која може да биде доделена на еден
корисник под оваа мерка е 1.500.000 евра во денарска противвредност за целиот
период на спроведувањето на Програмата.
Еден корисник може да поднесе инвестициски проект со вкупни прифатливи трошоци
кои ги надминуваат максималните ограничувања за инвестицискиот проект, но
бараната финансиска поддршка не смее да ги надмине границите на максимално
прифатливите трошоци утврдени за оваа мерка.
5. Листа на потребни документи
Согласно Законот за изменување и дополнување на законот за основање на
Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој („Сл.
весник на РСМ“ бр. 190/2019) целокупната документација подолу наведена во овој
јавен повик потребно е да биде доставена во моментот на поднесување на
барањето за финансиска поддршка, во спротивно барањето ќе биде одбиено.
Долунаведените документи кои се доставуваат во прилог на барањето за
користење на средства од ИПАРД Програмата (2014-2020) треба да се оригинал или
копија заверена на нотар, доколку не е поинаку определено покрај самиот
документ. Доколку документацијата е на друг јазик истата треба да биде
придружена со превод на македонски јазик заверен од овластен преведувач.
Документите кои што се издаваат врз основа на јавните книги или востановен
систем на евиденција не треба да бидат постари од три месеци сметано од денот на
објавување на јавниот повик, со исклучок на документите кои го потврдуваат
исполнувањето на обврските за платени даноци и придонеси кој не треба да биде
постар од еден месец сметано од денот на објавување на јавниот повик.

ЛИСТА НА ДОКУМЕНТИ ПОДНЕСЕНИ ОД СТРАНА НА БАРАТЕЛОТ КОИ СЕ
ОДНЕСУВААТ НА СИТЕ ПРИОРИТЕТНИ СЕКТОРИ
1. КОМПЛЕТНО ПОПОЛНЕТО БАРАЊЕ ЗА МЕРКАТА ДИВЕРЗИФИКАЦИЈА НА
ФАРМИТЕ И РАЗВОЈ НА БИЗНИСИ
2. КОПИЈА ОД ВАЖЕЧКА ЛИЧНА КАРТА ИЛИ ПАСОШ ОД ОДГОВОРНОТО ЛИЦЕ НА
АПЛИКАНТОТ
3. ИЗЈАВА ОД БАРАТЕЛОТ (ФИЗИЧКО ЛИЦЕ) ДЕКА НА КРАЈОТ ОД
ИНВЕСТИЦИЈАТА ЌЕ РЕГИСТРИРА ЕКОНОМСКА АКТИВНОСТ КАКО:
 ЗАНАЕТЧИЈА, ИЛИ
 УГОСТИТЕЛ, ИЛИ
 ТРГОВЕЦ ПОЕДИНЕЦ
4. ДИПЛОМА / СЕРТИФИКАТ ЗА БАРАТЕЛОТ (ФИЗИЧКО ЛИЦЕ) ЗА ЕКОНОМСКИ
НЕ – ЗЕМЈОДЕЛСКИ АКТИВНОСТИ ИЛИ
ИЗЈАВА ОД АПЛИКАНТОТ ДЕКА НА КРАЈОТ ОД ИНВЕСТИЦИЈАТА ЌЕ ДОСТАВИ
СЕРТИФИКАТ СО УЧЕСТВО ВО ТРЕНИНГ МОДУЛИ РЕЛЕВАНТИ НА
ИНВЕСТИЦИЈАТА ИЗДАДЕН ОД РЕЛЕВАНТНА ИНСТИТУЦИЈА.
5. ДОКАЗ ДЕКА БАРАТЕЛОТ (ПРАВНО ЛИЦЕ) НЕ Е ВО ПОСТАПКА НА СТЕЧАЈ
6. ДОКАЗ ДЕКА БАРАТЕЛОТ (ПРАВНО ЛИЦЕ) НЕ Е ВО ПОСТАПКА НА
ЛИКВИДАЦИЈА
7. ДОКАЗ ДЕКА ВРЗ БАРАТЕЛОТ НЕ Е ИЗРЕЧЕНА ПРЕКРШОЧНА САНКЦИЈА
ЗАБРАНА НА ВРШЕЊЕ ПРОФЕСИЈА, ДЕЈНОСТ ИЛИ ДОЛЖНОСТ
8. КОПИЈА ОД АКЦИОНЕРСКА КНИГА ВО СЛУЧАЈ КОГА АПЛИКАНТОТ Е
РЕГИСТРИРАН КАКО АКЦИОНЕРСКО ДРУШТВО
9. ПОТПИШАНА ИЗЈАВА ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ГОЛЕМИНА НА АПЛИКАНТОТ –
МИКРО ИЛИ МАЛО ПРЕТПРИЈАТИЕ
 ДОКАЗ ЗА СОПСТВЕНИЧКА СТРУКТУРА НА ПОВРЗАНИ И ПАРТНЕРСКИ
ПРЕТПРИЈАТИЈА СО АПЛИКАНТОТ РЕГИСТРИРАНИ НАДВОР ОД ГРАНИЦИТЕ
НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, ИЗДАДЕНИ ОД РЕЛЕВАНТНА
ИНСТИТУЦИЈА ОД СООДВЕТНАТА ДРЖАВА
 ДОКУМЕНТ КОЈ СОДРЖИ ПОДАТОЦИ ЗА БРОЈ НА ВРАБОТЕНИ, ГОДИШЕН
ПРИХОД И ГОДИШЕН БИЛАНС НА СОСТОЈБА НА ПОВРЗАНИТЕ И
ПАРТНЕРСКИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА СО АПЛИКАНТОТ КОИ СЕ РЕГИСТРИРАНИ
НАДВОР ОД ГРАНИЦИТЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МКЕДОНИЈА.
ПОДАТОЦИТЕ ТРЕБА ДА БИДАТ ЗЕМЕНИ ОД ПОСЛЕДНАТА ОДОБРЕНА
ФИСКАЛНА ГОДИНА.
 ПОТВРДИ ЗА УДЕЛИ ВО АКЦИОНЕРСКИ ДРУШТВА НА АПЛИКАНТОТ И СИТЕ
РЕГИСТРИРАНИ СОПСТВЕНИЦИ НА АПЛИКАНТОТ ИЗДАДНА ОД
ЦЕНТРАЛЕН ДЕПОЗИТАР НА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ НА РЕПУБЛИКА
СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
10. ПОТВРДА ДЕКА НАЈМАЛКУ ЕДНО ОДГОВОРНО ЛИЦЕ Е ВО РЕДОВЕН РАБОТЕН
ОДНОС ВО ПРАВНОТО ЛИЦЕ, ИЛИ
ПОТВРДА ДЕКА НАЈМАЛКУ ЕДНО ОДГОВОРНО ЛИЦЕ Е АНГАЖИРАНО СО
ДОГОВОР ЗА РАБОТА, ИЛИ
ПОТВРДА ДЕКА НАЈМАЛКУ ЕДНО ОДГОВОРНО ЛИЦЕ Е ПРИВРЕМЕНО
ВРАБОТЕНО ВО ПРАВНОТО ЛИЦЕ КОЕ Е БАРАТЕЛ НА ФИНАНСИСКА
ПОДДРШКА
11. УВЕРЕНИЕ ЗА ПОДМИРЕНИ ОБВРСКИ ПО ОСНОВ НА ДАНОЦИ, ЗДРАВСТВЕНО,
ПЕНЗИСКО И ИНВАЛИДСКО ОСИГУРУВАЊЕ ИЗДАДЕН ОД УПРАВА ЗА ЈАВНИ
ПРИХОДИ
12. ДОКАЗ ДЕКА ИНВЕСТИЦИЈАТА Е ВО СОГЛАСНОСТ СО СТРАТЕГИЈАТА ЗА
ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ НА ЕДИНИЦАТА НА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА.
13. ИМОТЕН ЛИСТ ЗА ОБЈЕКТ И/ИЛИ ЗЕМЈИШТЕ
14. ДОГОВОР ЗА ЗАКУП НА:
 ОБЈЕКТ И/ИЛИ
 ЗЕМЈИШТЕ
15. ДОГОВОР ЗА КОНЦЕСИЈА НА:
 ОБЈЕКТ И/ИЛИ
 ЗЕМЈИШТЕ
16. ДОКАЗ ЗА РЕДОВНО ПОДМИРЕНИ ОБВРСКИ ПО ОСНОВ НА ДОГОВОР ЗА КРЕДИТ
ВО СЛУЧАЈ КОГА БАНКАТА ИМА ВОСПОСТАВЕНО ЗАЛОГ ВРЗ ИМОТОТ, ВПИШАН
ВО РЕЛЕВАНТНИОТ ИМОТЕН ЛИСТ, ПРЕДМЕТ НА ИНВЕСТИЦИЈА.
17. РЕШЕНИЕ ЗА ОДОБРЕН ЕЛАБОРАТ ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНА СРЕДИНА ИЛИ
 РЕШЕНИЕ ЗА ОДОБРЕН ЕЛАБОРАТ ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНА СРЕДИНА СО
ОДОБРЕН АКЦИОНЕН ПЛАН ИЛИ
 А ИНТЕГРИРАНА ЕКОЛОШКА ДОЗВОЛА ИЛИ
 Б ИНТЕГРИРАНА ЕКОЛОШКА ДОЗВОЛА ИЛИ
 ПОДНЕСЕНО БАРАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА А ИЛИ Б ИНТЕГРИРАНА
ЕКОЛОШКА ДОЗВОЛА ИЛИ
 ПОДНЕСЕНО БАРАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ ЕЛАБОРАТ ЗА ЗАШТИТА НА
ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
18. ЕДНА ПОНУДА ИЗДАДЕНА ОД ДОБАВУВАЧ ЗА СЕКОЈА СТАВКА / ГРУПА НА
СТАВКИ СО ИЗНОС ПОМАЛ ОД 10.000 ЕВРА ПРИДРУЖЕНА СО ТЕХНИЧКА
СПЕЦИФИКАЦИЈА И ИЗЈАВА ЗА ЗЕМЈА НА ПОТЕКЛО ЗА СЕКОЈА СТАВКА /
ГРУПА НА СТАВКИ
19. ТРИ ПОНУДИ ИЗДАДЕНИ ОД РАЗЛИЧНИ ДОБАВУВАЧИ ЗА СЕКОЈА СТАВКА/
ГРУПА НА СТАВКИ СО ИЗНОС ПОГОЛЕМ ОД 10.000 ЕВРА ПРИДРУЖЕНИ СО
ТЕХНИЧКА СПЕЦИФИКАЦИЈА И ИЗЈАВА ЗА ЗЕМЈА НА ПОТЕКЛО ЗА СЕКОЈА
СТАВКА / ГРУПА НА СТАВКИ
20. КОПИИ ОД ЛИЦЕНЦИ ЗА ГРАДБА ЗА РЕЛЕВАНТНАТА КАТЕГОРИЈА НА ГРАДБА
ЗА СЕКОЈ ПОНУДУВАЧ
21. КОПИЈА ОД ДОКУМЕНТ КОЈ ЌЕ СОДРЖИ ПОДАТОЦИ ЗА СОПСТВЕНИЧКАТА
СТРУКТУРА ЗА СИТЕ СТРАНСКИ ДОБАВУВАЧИ
22. КОПИЈА ОД АКЦИОНЕРСКА КНИГА ЗА СИТЕ ПОНУДУВАЧИ КОИ СЕ
РЕГИСТРИРАНИ КАКО АКЦИОНЕРСКИ ДРУШТВА – КОПИЈА
23. ИЗЈАВА ОД БАРАТЕЛОТ СО ОБЈАСНУВАЊЕ НА ПРИЧИНИТЕ ЗА ИЗБОР НА
КОНКРЕТНАТА ПОНУДА ВО СЛУЧАЈ КОГА ИЗБРАНАТА ПОНУДА НЕ Е СО
НАЈНИСКА ЦЕНА
24. ДОГОВОР ЗА ОПШТИ ТРОШОЦИ
25. ФАКТУРА ЗА ПЛАТЕНИ ОПШТИ ТРОШОЦИ
26. ЕДНА ПОНУДА ИЗДАДЕНА ОД ДОБАВУВАЧ ЗА СЕКОЈА СТАВКА / ГРУПА НА
СТАВКИ ЗА ОПШТИ ТРОШОЦИ СО ИЗНОС ПОМАЛ ОД 10.000 ЕВРА
27. ТРИ ПОНУДИ ИЗДАДЕНИ ОД РАЗЛИЧНИ ДОБАВУВАЧИ ЗА СЕКОЈА СТАВКА /
ГРУПА НА СТАВКИ ЗА ОПШТИ ТРОШОЦИ СО ИЗНОС ПОГОЛЕМ ОД 10.000 ЕВРА
28. ОДОБРЕНИЕ ЗА ИЗГРАДБА НА :
– ИЗГРАДБА НА НОВ ОБЕЈКТ
– РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПОСТОЕЧКИ ОБЈЕКТ
– АДАПТАЦИЈА НА ПОСТОЕЧКИ ОБЈЕКТ
– ДОГРАДБА НА ПОСТОЕЧКИ ОБЈЕКТ
– НАДГРАДБА НА ПОСТОЕЧКИ ОБЈЕКТ
– ИЗВЕДЕНА СОСТОЈБА
– ПОСТАВУВАЊЕ НА ОПРЕМА ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ЕНЕРГИЈА ОД
ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ (ЗА СОПСТВЕНИ ПОТРЕБИ)
 ИЗЈАВА ОД БАРАТЕЛОТ ДЕКА РЕЛЕВАНТНОТО ОДОБРЕНИЕ ЌЕ СЕ ДОСТАВИ
ДО ДЕНОТ НА ДОНЕСУВАЊЕ НА РЕШЕНИЕТО ЗА ОДОБРУВАЊЕ НА
БАРАЊЕТО ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НО НЕ ПОДОЛГО ОД 1 ГОДИНА ОД
ДЕНОТ НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕТО
 ПОТВРДА ОД РЕЛЕВАНТНАТА ИНСТИТУЦИЈА ДЕКА ЗА ПРЕДЛОЖЕНАТА
ИНВЕСТИЦИЈА НЕ Е ПОТРЕБНО ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДБА
29. РЕШЕНИЕ ЗА ПРОМЕНА НА ИНВЕСТИТОР
Забелешка: Решението за промена на инвеститор се доставува само доколку
одобрението за градење не е издадено на име на Барателот
 ИЗЈАВА ОД БАРАТЕЛОТ ДЕКА РЕЛЕВАНТНОТО РЕШЕНИЕ ЌЕ СЕ ДОСТАВИ ДО
ДЕНОТ НА ДОНЕСУВАЊЕ НА РЕШЕНИЕТО ЗА ОДОБРУВАЊЕ НА БАРАЊЕТО
ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НО НЕ ПОДОЛГО ОД 1 ГОДИНА ОД ДЕНОТ НА
ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕТО
30. КОПИИ ИЛИ ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА (ЦД) ОД ОСНОВНИТЕ ТЕХНИЧКИ ЦРТЕЖИ И
ПРЕДМЕР – ПРЕСМЕТКА ОД РЕВИДИРАНА ТЕХНИЧКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА
– ИЗГРАДБА НА НОВ ОБЕЈКТ
– РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПОСТОЕЧКИ ОБЈЕКТ
– АДАПТАЦИЈА НА ПОСТОЕЧКИ ОБЈЕКТ
– ДОГРАДБА НА ПОСТОЕЧКИ ОБЈЕКТ
– НАДГРАДБА НА ПОСТОЕЧКИ ОБЈЕКТ
– ИЗВЕДЕНА СОСТОЈБА
31. ВРЕМЕНА СИТУАЦИЈА / СОСТОЈБА ЗА СИТЕ ЗАВРШЕНИ ГРАДЕЖНИ РАБОТИ
Забелешка: Времена ситуација се досатвува само доколку апликантот има изградено
дел од објектот кој е предемет на инвестиција и за истиот не бара финансиска
поддршка. Градежните работи се во согласност со последно одбрената техничка
документација.
32. ДЕЛОВЕН ПЛАН ВО СЛУЧАЈ КОГА СУМАТА НА ИНВЕСТИЦИЈАТА НАДМИНУВА
50.000 ЕВРА
33. ТЕХНИЧКИ ПРЕДЛОГ ПРОЕКТ ВО СЛУЧАЈ КОГА СУМАТА НА ИНВЕСТИЦИЈАТА Е
ПОД 50.000 ЕВРА

СПЕЦИФИЧНИ ДОКУМЕНТИ СОГЛАСНО ПРИОРИТЕТНИТЕ СЕКТОРИ

ПРИОРИТЕТЕН СЕКТОР 1 – АЛТЕРНАТИВНО ЗЕМЈОДЕЛСКО ПРОИЗВОДСТВО
1. ПОДНЕСЕНО БАРАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ ДОЗВОЛА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ВОДА ЗА
АКВАКУЛТУРА
2. ДОГОВОР ЗА СОБИРАЊЕ НА ОСНОВЕН МАТЕРИЈАЛ ПОМЕЃУ БАРАТЕЛОТ И
ЈАВНОТО ПРЕТПРИЈАТИЕ ЗА НАЦИОНАЛНИ ШУМИ.
ПРИОРИТЕТЕН СЕКТОР 2 – ПРОИЗВОДСТВО НА ПРЕХРАМБЕНИ ПРОИЗВОДИ И
ПИЈАЛОЦИ
СИТЕ ДОКУМЕНТИ ПОТРЕБНИ ЗА ОВОЈ ПРИОРИТЕТЕН СЕКТОР АГЕНЦИЈАТА ЌЕ ГИ
ДОБИЕ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ. АПЛИКАНТОТ НЕ Е ДОЛЖЕН ДА ДОСТАВИ
ДОКУМЕНТИ СПЕЦИФИЧНИ ЗА ОВОЈ ПРИОРИТЕТЕН СЕКТОР.
ПРИОРИТЕТЕН СЕКТОР 3 – ПРОИЗВОДСТВО НА НЕПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ
1. ОДОБРЕНИЕ ЗА ВОСПОСТАВУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТИ ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА
ДРВЕН ЈАГЛЕН (ЌУМУР) И / ИЛИ СЛИЧНИ КАПАЦИТЕТИ
ПРИОРИТЕТЕН СЕКТОР 4 – ЗАНАЕТЧИСКИ АКТИВНОСТИ
1. ДОКАЗ ДЕКА ПРАВНОТО ЛИЦЕ Е РЕГИСТРИРАНО ЗА ВРШЕЊЕ НА
ЗАНАЕТЧИСКА ДЕЈНОСТ
ПРИОРИТЕТЕН СЕКТОР 5 – ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА УСЛУГИ ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО
СИТЕ ДОКУМЕНТИ ПОТРЕБНИ ЗА ОВОЈ ПРИОРИТЕТЕН СЕКТОР АГЕНЦИЈАТА ЌЕ ГИ
ДОБИЕ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ. АПЛИКАНТОТ НЕ Е ДОЛЖЕН ДА ДОСТАВИ
ДОКУМЕНТИ СПЕЦИФИЧНИ ЗА ОВОЈ ПРИОРИТЕТЕН СЕКТОР.
ПРИОРИТЕТЕН СЕКТОР 6 – РАЗВОЈ НА УСЛУГИ ЗА РУРАЛНОТО НАСЕЛЕНИЕ
1. ПОДНЕСЕНО БАРАЊЕ ОД СТРАНА НА БАРАТЕЛОТ ЗА ОСНОВАЊЕ НА УСТАНОВА
ЗА СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА/ ГРИЖА НА ВОЗРАСНИ ЛИЦА, ИЛИ
 ПОДНЕСЕНО БАРАЊЕ ОД СТРАНА НА БАРАТЕЛОТ ЗА ПРОМЕНА НА
ОСНОВАЧ НА УСТАНОВА ЗА СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА / ГРИЖА НА ВОЗРАСНИ
ЛИЦА
2. ПОДНЕСЕНО БАРАЊЕ ОД СТРАНА НА БАРАТЕЛОТ ЗА ОСНОВАЊЕ НА УСТАНОВА
ЗА СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА/ ГРИЖА НА ДЕЦА, ИЛИ
 ПОДНЕСЕНО БАРАЊЕ ОД СТРАНА НА БАРАТЕЛОТ ЗА ПРОМЕНА НА
ОСНОВАЧ НА УСТАНОВА ЗА СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА/ ГРИЖА НА ДЕЦА
3. ПОДНЕСЕНО БАРАЊЕ ОД СТРАНА НА БАРАТЕЛОТ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ДОЗВОЛА
ЗА ЕМИТУВАЊЕ НА
 ЛОКАЛНА РАДИО ПРОГРАМА, И / ИЛИ
 ЛОКАЛНА ТЕЛЕВИЗИСКА ПРОГРАМА
ПРИОРИТЕТЕН СЕКТОР 7 – ПРОМОЦИЈА НА РУРАЛЕН ТУРИЗАМ
1. ПОДНЕСЕНО БАРАЊЕ ЗА ДОБИВАЊЕ НА СОГЛАСНОСТ ЗА ОСНОВАЊЕ НА
АВТОКАМП
2. РЕШЕНИЕ ЗА ВРШЕЊЕ НА УГОСТИТЕЛСКА ДЕЈНОСТ ЗА
 СМЕСТУВАЊЕ И/ИЛИ
 ПОСЛУЖУВАЊЕ ХРАНА
3. РЕШЕНИЕ ЗА КАТЕГОРИЗАЦИЈА ИЗДАДЕНО ОД ОПШТИНАТА ИЛИ
МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕКОНОМИЈА
4. ТЕХНИЧКИ ЦРТЕЖИ ПРИДРУЖЕНИ СО ПИШАН ЕЛАБОРАТ ЗА
ТРАДИЦИОНАЛНИОТ СТИЛ НА ГРАДБА И ОПИС НА ГРАДЕЖНИТЕ МАТЕРИЈАЛИ
КОИ ЌЕ СЕ УПОТРЕБУВААТ НА ПОСТОЕЧКИТЕ ТРАДИЦИОНАЛНИ ГРАДБИ ВО
РУРАЛНАТА СРЕДИНА КАДЕ ШТО СЕ ПЛАНИРА ДА СЕ РЕАЛИЗИРА
ИНВЕСТИЦИЈАТА
Агенцијата го задржува правото да побара дополнителна документација со цел
докажување на исполнување на критериумите од ИПАРД Програмата 2014-2020 за
користење на финансиска поддршка. Исто така Агенцијата има право да побара
дополнителни документи за Барателот од други Институции со кои се докажува
исполнување на соодветни критериуми од Програмата.

ДЕЛ III
ПОСТАПКА ПРЕД АГЕНЦИЈАТА
Постапката на Агенција од прием на Барањата до склучување на Договор за користење на
средства се состои од :
1. Проверка на комплетноста на приложените документи согласно бараните
документи по типови на инвестиции и тоа:
 Дали барањето за мерка 7 – Диверзификација фарми и развој на бизниси е
целосно пополнето и дали целокупната документација наведена во овој јавен
повик согласно приоритетните сектори е доставна во прилог на истото;
Некомплетно барање за финансиска поддршка е Барањето кое не ја содржи
целокупната документација во моментот на поднесување на истото.
 Дали документите кои се доставени во прилог на барањето се оригинал или
копија заверена на нотар (доколку поинаку не е наведено во самиот документ)
2. Проверка на соодветноста на барање за користење на средства се прави со цел да
се утврди:
 Дали доставените документи докажуваат исполнување на критериумите и
условите за прифатливост на предложените инвестициони активности;
 Дали предложената инвестиција е економски и финансиски остварлива и
оджлива, што се проверува преку анализа на параметрите содржани во
приложениот деловен план / технички предлог проект;
 Дали предложената инвестиција за која се бара финансиска подршка не е
финансирана од други јавни извори на средства (Буџет на Република Северна
Македонија и меѓународни донатори);
 Дали цените на предложените инвестициски активности се во рамките на
пазарните цени преку анализа на референтните цени за соодветните
активности.
Помош може да биде доделена на корисниците чии инвестициски проекти овозможуваат
финансиска/економска одржливост. Економската и финансиската одржливост ќе се
оценува врз основа на деловен план и Технички предлог проект. Барателот со деловниот
план треба да ја прикаже можноста за континуитетот на работењето во текот на најмалку
пет години од реализација на инвестицијата. Врз основа на следните економски
индикатори ќе се оценува инвестицискиот проект:
 Модифицирана интерна стапка на рентабилност која треба да биде поголема од 0,
 Нето сегашна вредност кое треба да биде поголемо од 0, и
 Период на враќање на инвестицијата кој треба да биде помал од 10 години
Во случај на предложени проекти кои што имаат износ на прифатливи трошоци помали од
50.000 евра во денарска противвредност, економската оддржливост се демонстрира преку
Технички предлог проект кој што ќе содржи финансиски индикатори во смисла на
генерирање доволен приход кој што ќе ги достигнува оперативните трошоци на
земјоделското стопанство
Со цел да се утврди автентичноста на техничките параметри, економските и финансиските
податоци, Агенцијата има право да бара дополнителни документи и информации како
основ за донесување на одлука.
Верификација на веродостојноста на податоците содржани во Барање за користење на
средства вршат овластени лица на Агенцијата со контрола на лице место.
Рангирањето се врши на сите комплетни и соодветни барањa за користење на средства
согласно приложените табели за рангирање по пооделни мерки.
Финансиската поддршка ќе се одобри за сите комплетни и соодветни барања за користење
на средства во рамките на расположливите средства по мерка врз основа на извршена
административна и контрола на лице место.
Не комплетните, не соодветни како и барања за користење на средства кои имаат помал
број на поени во однос на расположливите средства по мерка, ќе бидат одбиени со
Решение.
Со барателот чие барање за користење на средства е одобрено се потпишува Договор во
рок од 30 дена од денот на добивањето на Решение за одобрување на средства од ИПАРД
Програмата.
Барателите не смеат да започнат со реализација на инвестицијата пред потпишување на
Договор за користење на средства со Агенцијата, со исклучок на активностите поврзани со
општите трошоци (изработка на деловен план, технички предлог проект, физибилити
студија, архитекти, проектна документација).
По завршување на инвестицијата, барателот е должен да достави до Агенцијата барање за
исплата во рок утврден во Договорот за користење на средства.
Барање за исплата е унифициран образец кој што крајните корисници го добиваат при
потпишување на договорот за финансиска поддршка. Барањата за исплата исто така ќе
бидат достапни за подигнување во просториите на Агенцијата и од веб страната.
Барањата за исплата се доставуваат согласно временскиот рок даден во договорот.
Корисникот е обврзан своерачно или електронски да го пополни барањето за исплата и да
ги наведе фактурите/про-фактурите кои ги доставува до Агенцијата, притоа наведувајќи
за која мерка и тип на инвестиција го поднесува истото.
Проверката на финансиската документација се извршува исклучиво на оригинали или
копии заверени на нотар при што во случај да се доставени оригинални документи во текот
на постапката за одобрување на исплата Агенцијата е должна да ги испратат истите до
крајниот корисник. Истите ќе бидат означени со печат на Агенцијата како би се избегнало
понатамошно двојно финансирање.
Доколку документите кои се пропратни кон барањето за исплата се достават после рокот,
барањето ќе биде одбиено и договорениот износ на финансиска поддршка нема да биде
исплатен.
Доколку се настанати промени во барањето за исплата т.е се набават активности кои не се
предмет на договорот, а притоа не е поднесено барање за анекс на договор, истото барање
нема да биде исплатено, или ќе биде делумно исплатено во зависност од ефектот кој
настаната промена ќе го има врз целокупната инвестиција која е предмет на договорот.
Доколку корисникот не се придржува кон одредбите од договорот кои се однесуваат на
рокот на реализација на инвестицијата, треба да се има во предвид дека сите активности
настанати пред потпишување на договорот (освен трошоците направени за интелектуални
услуги) нема да се дел од финансиската поддршка. Сите активности набавени пред рок т.е.
пред потпишување на договорот нема да бидат предмет на инвестиција. Исто така сите
набавени и исплатени активности после рокот на реализација на инвестицијата или во
рокот на доставување на барањето за исплата нема да бидат предмет на финансиска
поддршка.
После административната проверка доколку барањето за исплата е комплетно и
соодветно, предметот ќе биде проверен на лице место од страна на овластени лица на
Агенцијата кои имаат за цел да ја проверат реализацијата на инвестицијата во целост и во
согласност со договорот. По извршената контрола на лице место, ќе биде изработен
извештај во кој детално ќе биде опишана фактичката состојба утврдена на лице место.
Истиот треба да биде потпишан од страна на лицата кои ја вршат контролата и од самиот
корисник или овластено лице од страна на корисникот. Во случај на забелешка на
извршената контрола, корисникот има право истата да ја наведе во извештајот.
После извршената контрола, доколку се констатира дека инвестицијата е реализирана во
целост и во соглaсност со договорот, се продолжува со постапката за одобрување на
исплата. Доколку се констатира неусогласеност на процесот на реализација на
инвестицијата во целост и во согласност со договорот се продолжува постапката за
одбивање на барањето за исплата.
Откако ќе биде одобрена исплатата, Агенцијaта издава решение за одобрување на исплата.
Доколку биде одбиено бaрањето за исплата, Агенцијaта издава решение за одбивање.
Со решението крајниот корисник ќе биде известен за сумата која му е одобрена т.е
одбиена.Барателот кој ќе потпише договор со Агенцијата е должен инвестицијата која што
е предмет на договорот да не ја отуѓува, дава под закуп или заем, не ја смени намената и
локацијата на истата за целовреметраење на договорите односно 5 години од последната
исплатата на финансиските средства.
Контрола на лице место и спроведувањето на надзор врз договорот вршат овластени лица
од релевантните институции од Република Северна Македонија и Европската Унија.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close