fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Индекси на цените во земјоделството, декември 2019 година

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во декември 2019 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е зголемен за 3.4 %, а кај аутпутот се бележи зголемување од 1.8 %.

Во декември 2019 година, во споредба со декември 2018 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 103.7, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 99.6.

Во делот аутпут, во декември 2019 година, во споредба со декември 2018 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 101.9, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 101.4.

Слични написи

Back to top button
Close