fbpx
ВестиТоп вести

Кузманоски-Патната инфраструктура е показател за успешноста на нашето работењето

Општина Новаци

 

 

Наша цел е да создаваме услови за подобар економски развој и нови вработувања. Иако општината нема моќ во политиките на вработување, сепак  ние го стимулираме и поддржуваме отворање на нови работни места во нашата општина, рече во својот отчет градоначалникот на Општина Новаци, Љубе Кузманоски.

Инвестираме во инфраструктура, зошто патната инфраструктура е основен показател за успешноста на работењето на една локална власт, таа е предуслов за развој и на руралниот туризам. Успеавме да се промовираме како општина со препознатлива гостопримлива атмосфера со одлична туристичка инфраструктура, рече градоначалникот  Кузманоски.

Тој информираше  дека во последните две години од темел се обновени  училишта, спортски  игралишта и градинки.  

Две години, колку што стоеја на располагање, не се многу долг период, но сепак, во овој временски интервал, водејќи се од  дадениот збор пред граѓаните и одговорноста што тој со себе ја носи, оваа локална самоуправа успеа да реализира голем број проекти од голема важност за жителите на овој дел од Пелагонија, рече Кузманоски.

-Од стотината проекти колку што реализиравме, ќе издвојам само делво 2018 година ја започнавме капиталната  инвестиција- прва фаза уредување на Порој во с.Гермијан во должина од 900 метри и вредност од 25.000.000 денари. Изградивме тротоари во с.Гермијан со должина од 910 метри. Локални патишта на територија на Општина Новаци со должина од 1500 метри. Санирани и одржувани полски патишта во должина од 6000 метри. Атмосферска канализација во должина од  1850 метри (во с.Бач,Г. Агларци ,с.Новаци, с.Далбеговци ). Улица во с. Градешница со бекатон плочки со должина од 635 метри. Во соработка со ЈП за Државни патишта асфалтиран е  регионалниот патен правец Рапеш-Старавина во должина од 6 км. Селото Долно Агларци доби Мултифункционално игралиште, набројуваше Кузманоски.   

Според него сето она што е направено во изминатиот период, а во насока на подигнување на квалитетот на живеење на граѓаните, според европските стандарди.

-Во 2019 г продолживме со позабрзано темпо и повеќе работа. Асфалтирани се локални  улици   во должина од 1000 метри. Санирани и одржувани се полски патишта во должина  од 4600 метри. Извршивме пробивање на нови  полски патишта од 3800 метри. Изградивме атмосферска канализација ( во  с.Новаци и  с.Бач) во должина од 600 метри од кои 237 метри  се во фаза на реализација . Изградени се тротоари (  во с.Новаци ) во должина од 915 метри од кои 175 метри  се во фаза на реализација . Ја продолживме изградбата и реконструкција на улици во с.Градешница  со бекатон плочки во должина од 560 метри. Во фаза на реализација е изградбата  и партерно уредување на капалиште на река Градешка во село Градешница, рече Кузманоски.  

Во 2019 г  до сега, од Буџетот на општина Новаци се инвестирани над 40 милиони  денари  од кои над 25 милиони во проекти, а останатите во други намени. Потпишан е договор за воспоставување на  Јавно приватно партнерство  за модернизација  на системот  за јавно осветлување со чиј договор во Општина Новаци ќе бидат инвестирани над 38 милиони  денари  во најмодерен, најекономичен и ефикасен систем на улично осветлување во регионот.

-И тука не застануваме,во периодот што ни следува  одговорно пред граѓаните  ќе продолжиме  со поголемо темпо и нова енергија да се фокусираме на главните приоритетни проблеми и интензивно  ќе продолжиме во реализација на зацртаните проекти предвидени во 2020 година. Работата на локалната самоуправа никогаш не сопира, па, така и листата на сето она што допрва ќе треба да се сработи е веќе започната. Вашата доверба е наша чест, но и одговорност, секогаш вас, граѓаните ве имавме како партнер во креирањето на стратешките цели, во креирањето на визијата за подобра Општина Новаци. Успешноста на една општина подразбира континуиран развој и растеж, ние сме токму на тој пат на прав пат, рече Кузманоски.

Накрај Кузманоски рече дека со преземањето на функцијата наследил долгови од над 40 милиони денари.  Со средства од Владата на Р.С.М наменети за отплата  на стари долгови отплатени се  12.609.000  милиони денари, а како што рече општината го  отплаќа и наследениот кредит на годишно ниво од 1.066.000 денари.

 

А.Б

Слични написи

Back to top button
Close