Тони Ангелески-Петок клучен ден за тутунарите!
Тони Ангелески член на Иницијативниот одбор на групата Македонски тутунари вели дека од средбата на ИО со откупувачите и МЗШВ ќе зависи дали протестите ќе продолжат и после петок.
Од најавената средба во петок ќе зависи дали тутунопроизводителите ќе продолжат со протестите и со блокирање на патиштата или пак ќе се прифатат нивните барања и ќе продолжат со предавање на тутунот за откуп.
Тони Ангелески член на Иницијативниот одбор на групата Македонски тутунари вели дека од средбата на ИО со откупувачите и МЗШВ ќе зависи дали протестите ќе продолжат и после петок.
-Ако не се прифатат нашите барања, си продолжуваме со протестите, ако се прифатат сме ја исполниле целта. Во целина од Министерството за земјоделие има разбирање, министерот ни излезе во пресрет и ни закажа средба петок. До петок ве молиме за трпение, доверителите се тргнати да не бидат на откупите, односно откупот е запрен на ниво на држава до петок, пишува Ангелески на Фејзбук.
А.Б