fbpx
ВестиСоветиТоп вести

Чување на јаболката – ладилници

Основните поставки на технологијата за чување, се насочени на условите со кои се забавуваат процесите на дишењето, намалувањето на интензитетот на транспирацијата и спречувањето на развојот на патогените микроорганизми на плодот. Во современата технологија се користат три основни фактори со чија помош се управуваат процесите на дозревањето на плодовите во складовите, тоа се: температурата, релативната влажност на воздухот и составот на атмосферата. Затоа веќе не може да се замисли современо производство на овошје, особено јаболка и круши, без ладилници, како и разладни уреди во продавниците за овошје.

Ладилниците се градат од погоден материјал, со термичко-изолациони карактеристики, двојна покривна конструкција и воопшто многу материјал кој изолира, односно обезбедува херметичност. Капацитетите на ладилниците, зависат од многу фактори, пред сѐ, од количеството овошје што ќе биде чувано и тоа 50-70% од вкупното производство да биде со јаболка. Современото успешно чување на производите со мали загуби, бара изградба на постројки, во кои ќе можат да се обезбедат сите потребни оптимални услови за успешно чување на овошјето. Според тоа, ваквите складишта можат да бидат:

  • магацини за овошје и зеленчук кои се проветруваат по природен или механички пат и
  • ладилници (со општа намена, специјализирани или комбинирани со неладени простори).

Општите физички услови потребни за чување на свежи леснорасипливи прехранбени производи уште при изборот на локацијата…

Извор: АПРЗ

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close