Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Од 5 ноември ќе се врши исплата на средства за граѓаните без платежни картички во главната филијала на АЛТА банка Битола

Народната банка ги известува граѓаните коишто имаат платежни сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, а немаат платежни картички, дека од четврток, 5 ноември 2026 година, ќе започне подигањето средства од шалтерите во главната филијала на Банката во Битола.

Народната банка објави
Од 5 ноември ќе се врши исплата на средства за граѓаните без платежни картички во главната филијала на „АЛТА банка“ АД Битола во Битола
Народната банка ги известува граѓаните коишто имаат платежни сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, а немаат платежни картички, дека од четврток, 5 ноември 2026 година, ќе започне подигањето средства од шалтерите во главната филијала на Банката во Битола.
За таа цел, ќе бидат отворени повеќе шалтери на адресата ул. „Добривое Радосављевиќ“ бр. 21 во Битола. Исплатата ќе биде достапна за граѓаните, а особено за пензионерите и примателите на социјална помош, коишто овие средства ги добиваат преку платежни сметки во Банката, но немаат платежни картички.
Граѓаните ќе можат да подигнат до 20.000 денари, колку што е максималниот износ дозволен за повлекување во период од две недели.
Од 6 ноември, вклучително и сабота 7 ноември, филијалата ќе работи во две смени, со цел да се опслужат што поголем број клиенти.

Поврзани новости

Back to top button