вести

13.580 барања за обесштетување од невреме

Годинава од доцните пролетни мразови беа погодени земјоделските површини во 32 општини. Штети имаше и лани и тоа во 14 општини кога што најмногу настрадаа овошните насади во Ресен. Постапката сѐ уште трае а по проценката на штетите од страна на комисиите, на терен треба да излезе и Бирото за судски вештачења.

Бирото за судски вештачења,  ќе треба да изврши проценка на 13.580 барања за проценка на штетите настанати  од временските непогоди, односно од доцните пролетни мразеви од април годинава.

Барањата се од 32 општини за скоро 50.000 катастарски парцели, за кои подрачните единици на Министерството за земјоделство, утврдиле дека кај земјоделските култури има штети од невреме.

Бирото треба да подготви извештаи со проценка за настаната штета во денари, поединечно за секој барател.

Добиените извештаи, ќе бидат испратени за исплата до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, која што за секој барате ќе изготви решение за исплата за настанатата штета или ќе испрати известување доколку не ги исполнува условите за обесштетување.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close