Пиво без етикета, „Златен даб“ продолжува со поддршката на различностите

(Oвој напис е објавен на: June 11, 2018)

„Без предрасуди, без етикети”. Ова не е насловот на некоја социолошка студија за проблемите со кои ова наше општество се соочува во последните две децении. Ова е пораката на актуелната кампања на Прилепската пиварница за нивниот популарен пивски бренд „Златен даб”. Менаџментот на пиварницата од Прилеп реши директно да влезе во битката против стереотипите и предрасудите.

По одличниот видео спот, кампањата продолжува да го промовира почитувањето на разликите и отфрлање на предрасудите и етикетирањето.

Во неколку града, во продавниците на познатите ланци маркети, во лимитирана серија „Златен даб“ од 0,5 л. се продава без етикета. И тука пораката е поддршка на различностите и ослободување од предрасудите.

Од секое купено шише „Златен даб“ 0,5л. без етикета ќе се издвојуваат по 5 денари за фондот за донации на Прилепска пиварница, а средствата од фондот ќе бидат донирани во хумани цели.

Со овој несекојдневен маркетиншки потег – шишиња „Златен даб“ да се продаваат без етикети, пораката „Без предрасуди, без етикети“ се пренесува директно и се повикува на прифаќање на различностите, ослободување од стереотипите и отфрлање на дискриминацијата од секаков вид.

Фондот на Прилепска пиварница директно ќе го финансира градењето свет еднаков за сите, со „пивото без етикета“ против дискриминацијата од секаков вид.


 

мкд.мк

Share Button