ВестиМакедонија

ДАЛИ И КОЈ НЕЗАКОНСКИ ТРОШЕЛ ДРЖАВНИ ПАРИ – еве на чии врати годинава ќе чукнат државните ревизори

Државниот завод за ревизија планира годинава да го чешла трошењето на народните пари на дури 59 државни институции, јавни претпријатија, општини, здравствени установи, како и партии.

Државниот завод за ревизија планира годинава да го чешла трошењето на народните пари на дури 59 државни институции, јавни претпријатија, општини, здравствени установи, како и партии. Покрај тоа, ќе се испитуваат и голем број програми и мерки што државата го спроведува. Или, вкупно, државните ревизирори оваа година планираат да направат 71 ревизија.

Тоа е наведено во Годишната програма за работа на Државниот завод за ревизија за 2021 година, која оваа институција ја испрати до Собранието, на разгледување од народните избраници.

Извори од ДЗР брифираат дека оваа година е всушност направена најоптимистичката програма за ревизија, односно опфатени се најголем број институции и програми во споредба со претходните години, кога вообичаено просечно се правеле по околу 50 ревизии.

Дел од органите што ќе се чешлаат годинава се трите институции врз кои секоја година се врши ревизија, заради нивната значајност, а дел се додадени институции врз основа на критериуми на ДЗР, како што се на пример оние врз кои подолг период не е направена ревизија. 

ПОВЕЌЕ ТИМОВИ ОД РЕВИЗОРИ И ИСТРАЖУВАЧИ ЌЕ ОДАТ НА ТЕРЕН 

Зголемениот број ревизии, како што објаснуваат од ДЗР, се должи на фактот што се зајакнати капацитетите на оваа независна институција, така што со новите вработувања што беа направени зголемен е и бројот на ревизорите, но и на помошни и технички лица. Тоа значи дека на располагање ќе бидат поголем број тимови од ДЗР кои на терен ќе ги гледаат „книгите“ на државните трошачи на пари и ќе утврдуваат како тие ги користеле народните средства кои им биле дадени на располагање.

„Годишното планирање на ревизиите се извршува во согласност со одредбите од Законот за државна ревизија, согласно кој задолжително еднаш годишно се врши ревизија на Буџетот на Република Северна Македонија и на Буџетите на фондовите, а кај другите субјекти се врши во рокови утврдени со Годошната програма за работа на ДЗР“, се вели во образложението.

Еве кои се институции оваа година ќе бидат предмет на интерес на државните ревизори, што значи дека ќе треба да објаснат за секој денар каде и за какви намени го потрошиле, и дали тоа било во согласност со намената и со законските прописи.  Покрј Основниот буџет на земјава за 2020 година, ќе се чешлаат и фондовите, односно Фондот за пензиско и Фондот за здравствено осигурување.

Ќе се проверуваат и документите на Агенцијата за вработување, како и на самиот законодавен дом, односно Собранието.

Од министерствата – оваа година со тимовите на Државниот завод за ревизија ќе треба да се соочат ресорот за внатрешни работи и за правда, како и Управата за извршување на санкциите, која е под Министерството за правда.

Ќе се проверува и како државните пари ги арчеле Државниот инспекторат за труд, како и Државната изборна комисија.

ПАРТИИТЕ ЗЕМААТ ГОЛЕМИ ДРЖАВНИ ПАРИ, ЌЕ СЕ ВИДИ КОЛКУ ЗАКОНСКИ ГИ ТРОШАТ

Ќе треба да приложат докази дека наменски и законски ги трошеле парите и политичките партии, за оние што ги земаат од државата и кои воопшто не се мали износи, и тоа без разлика дали се власт или се опозиција. Односно, на списокот на ДЗР се СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, движењето БЕСА, политичка партија Алијанса за Албанците, движење за национално единство на Турците, ГРОМ, како и ДПА.

Исто така, конкретно за предвремените локални избори што се одржаа во минатата година во Штип и во Пласница, ќе се истражува трошењето на партјата Интегра, на група избирачи за Трајчо Митев, на ТМРО, на Коалицијата Иднината во наши раце, ДУИ, Движење за национално единство на Турците, како и на СДСМ, но не и на ВМРО-ДПМНЕ, која не учествуваше на локалните избори.

Ќе се испитува и трошењето на партиите на редовните локални избори кои ќе се одржат наесен оваа година.

Потоа, државните ревизори ќе „чукнат на врата“ и на три факултети од УКИМ – Факултет за ветеринарна медицина, Фаултет за драмски уметности и Факултетот за дизајн и технологија.

Исто така, на листата се и Универзитетот Свети Климент Охридски Битола, НУ Национална опера и балет, како и НУ Филхармонија.

Државниот завод за ревизија планира да ги посети и Апелациониот суд Скопје, како и Основниот суд Тетово. На листата за ревизија е и Затворот Скопје.

Ревизорите ќе чешлаат и здравствени установи и тоа Агенцијата за лекови и медицински средства, ЈЗУ Универзитетски стоматолошки клинички центар, ЈЗУ Институт за позитроно-емисиона томографија, ЈЗУ Универзитекса клиника за државна кардиохирургија, како и ЈЗУ Здравствен дом Битола, и Центарот за јавно здравје на тој град.

Ќе се испитуваат и четири општини, односно Аеродром, Куманово, Пробиштип и Студеничани.

Да објаснат како ги трошеле државните пари што им биле дадени на располагање ќе треба и неколку јавни претпријатија – Македонска радиотелевизија, Стрежево Битола, но и дури шест ЈП од Куманово и тоа Водовод, Чистота и зеленило, Пазаришта, Куманово Гас, Куманово план, Куманово паркинг, како и едно Јавно комунално претпријатие од Пробиштип.

Ревизороте ќе ги посетат и државната Развојна банка, Електрани на Северна Македонија, Градски трговски центар, Железници транспорт, како и Агенција за аудио и аудиовизуелни медиуми.https://faktor.mk/dali-i-koj-nezakonski-troshel-drzavni-pari—eve-na-chii-vrati-godinava-kje-chuknat-drzavnite-revizori

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close