fbpx
ВестиСовети

Палменица кај овошките

Предлог мерки за заштита на овошките од паразитот ERWINIA AMYLOVORA (BURILL) WINSLOW and SMIT. Причинителот на бактериска пламеница

Предлог мерки за заштита на овошките од паразитот ERWINIA AMYLOVORA (BURILL) WINSLOW and SMIT.

  1. причинителот на бактериска пламеница

     

    Одгледувачите на овошни растенија постојано и внимателно ја пратат состојбата на овошките во овошните насади, посебно при потерувањето на леторастите, цутењето и во текот на вегетацијата. Доколку се констатира непотерување на одредени ветки или папки може да се претпостави дека тоа е последица на бактериската пламеница. Во таков случај таквите ветки и папки да се обрежат, внимателно соберат и спалат.

    Доколку се констатира посилна зараза на овошките (зараза над 30% од деловите на овошките), тие веднаш да се ископачат и спалат.

    Вообичаената резидба на овошките да се изведува што е можно порано во текот на зимата (до 15 февруари), затоа што при високи температури (над 15оС) причинителот се веќе активира и при резидбата постои можност да со приборот  за резидба се пренесе на здравите овошки. Одрежувањето на болните ветки и гранки да се изведува на 20 – 40 цм. испод болното ткиво. Да се избегнува строга резидба и правење на големи рани, пресеци. При тоа се препорачува дезинфекција на приборот за резидба со потопување во 70% алкохол.

    Во текот на зимата да се отстранат раковините по дебелите гранки (рамени, скелетни) и стеблото, доколку тие не ги веќе прстенувале (да ги зафатиле прстенесто целите гранки, односно стеблото). Во тој случај таквите раковини, во кои причинителот презимува и во пролет служат како главен извор за зараза на цутовите, внимателно болната кора и ткиво, како и дел од здравата кора на 2 см околу раковината да се очистат – отстранат со калемарски нож, отстранетата кора внимателно собере и спали.

    Направените рани при отстранувањето на подебелите гранки и при отстранувањето на раковините да се дезинфицираат со премачкување со навлажнета крпа со 70% алкохол, потоа премачкаат со некоја соодветна паста (Миказол, Сантар или друга) или паста приготвена од 1 кг бакарен сулфат + 1,5 кг гасена вар на 4 литри вода.

    Да се редовно прегледуваат поединачните овошки, дивачки од јаболка и круша, грмушките од глогот, во околината на овошните насади на оддалеченост од 800 метра и притоа отстранат и спалат заразените делови или цели овошки и грмушки.

     

    Хемиска заштита

     

    Во заразените овошни насади да се изврши касно есенско прскање, кога 2/3 од лисјата опаднале, со 2% бордовска чорба.

    После извршената зимска резидба да се изврши прскање со 1% бордовска чорба со додаток на 1% бело уље или друго минерално масло (Галмин).

    Во фенофаза на „глувчи уши“ до појава на розе папка може да се изврши третирање со некој со некој бакарен препарат (Шампион течен 0,7%: Цибак 0,35-0,4%: Коциде 101 0,7% и слично) со додаток на 1% Бело уље, а во фаза на розе папка Шампион 0,35-0,4%: Коциде 0,35-0,4%. Доколку временските услови се сушни со бакарни препарати може да се оди и покасно, но во намалени концентрации.

    Во текот на цутењето може да се употребат антибиотиците како стрептомицин сулфат (Стрептомицин сулфат Галеника) 100 гр на 1.000 литри вода или Биофунгицид Агат 25-К 30 гр активна материја по ха. односно 4 прскања во проредување на плодовите и едно прскање пред берба заради гниење на плодовите при чување. Употребата на антибиотиците и биофунгицидите се изведува кога процветале 5% од цутовите, потоа 50% процветани цутови и во полно цутење, или во интервали од 5 дена, посебно при топло, врнежливо и влажно време во текот на цутењето. Превентивните третирања треба да се превземат кога среднодневната температура биде над 18,3о С. Употребата на антибиотиците и биофунгицидите даваат подобра ефикасност, доколку третирањето се изврши приквечер или преку ноќ.

    Во случај на олуја, силни дождови пропратени со ветар, неопходно е да се повтори третирањето во рок од 24 часа.

     

    Заштита во текот на вегетацијата

     

    Редовно прегледување на овошките. Во случај да постои задоцнето цутење (што е карактеристично кај некои сорти, како на пример кај сортата круша Вилјамовка, или кај сортите јаболка Глостер, Ајдаред, Златен делишес, редовно да се отстрануваат таквите цутови пред нивното отварање).

    Одрежување на заразените леторасти, водопили, изданици на 40 см испод оболеното ткиво, собирање во вреќи и нивно спалување (никако оставање под овошките).

    Дезинфекција на приборот за резидба (ножици, ножеви) после секој пресек со нивно потопување во 70% алкохол. После работата, навечер, приборот да се премачка со некое масло со цел да се спречи корозивното дејство на алкохолот или другите средства за дезинфекција. Тоа истото се однесува и при зимската резидба.

    Редовно уништување на инсектите (лисните вошки, крушкината болва) со соодветни инсектициди.

    Во текот на вегетацијата при сушни услови може да се употребат бакарните препарати во намалени концентрации, а антибиотици или биофунгициди може да се употребат кај јаболката до 50 дена пред бербата, а кај крушата до 30 дена пред бербата.

 

 

 

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close