fbpx
ВестиТоп вести

PROANALİZ  лабораторија  Струмица  за здрава и безбедна  храна

PROANALİZ е  лабораторија  кој е формирана со цел да им излезе во пресрет и на производителите и на консумените на храна. Лабораторијата се наоѓа во Струмица. Станува збор за  турска  инвестиција со што  познатиот бренд на лаборатории  PROANALİZ  стигна и во нашата земја.  Станува збор за лабораторија опремена со најсовремена апаратура  и по сите стандарди  и стручен кадар задолжен да извршува најразлични анализи.

Безбедна храна  е основа за здрав живот, ова е мотото под кое течат сите активности во лабораторијата. Производството на здрава храна е од големо значење за човештвото. Во трката за производство на што поголемо количество на храна често производителите  применуваат најразлични хемиски средства. Оттаму од големо значење е изработувањето на најразлични  хемиски анализи.

Лабораторијата PROANALİZ  обезбедува услуги за анализа на храна, вода и почва. Во Р.Македонија  е акредитирана за анализа на храна, вода и почва од страна на Македонското тело за акредитација (ИАРМ) под ISO 17025 лабораториска акредитација.

Имајќи ја предвид важноста на безбедноста на храната за сите генерации  PROANALİZ  врши микробиолошка анализа на храна и вода. Во рамките на оваа анализа се испитуваат:

Listeria monocytogenes

Salmonella spp.
Вкупен број на микроорганизми (аеробни бактерии)
E.coli
Колиформни бактерии
E.coli O157
Позитивни стафилококи (Staphilococcus aureus и други видови)

Анализата на почвата е од големо значење за ефикасно и  квалитетно производство. Во лабораторија се прават анализи со најсовремени инструменти и се даваат совети за ѓубрење од експерти по оваа област.

Без вода нема живот. Со подеднаква важност  во лабораторијата PROANALİZ се пристапува и кон анализата на водата. Стручен персонал  со помош на најсовремена опрема врши  микробиолошки и хемиски анализи во водата. Се испитуваат:

Pseudomonas aeruginosa
Сулфит редуцирачки анаероби (Clostridium perfringens)
Вкупен број на микроорганизми
Е.coli и колиформни бактерии

 

Лабораторијата е единствен претсавник за имплементација GLOBAL GAP ,HACCP, HALAL ,KOSHER, IFS,FSSC,ISO 9001,ISO 14001,OHAS стандарди. Станува збор стандарди на брендот  за сертификација UNICERT чие седиште е во Келн Германија. Имплементацијата ја изработува  дипл. Инг. Зија Саидов. До сега се сертифицирани над 2500 фирми.

 

Инвеститорот  г-дин Улаж Ѓокташ  е ревизор на стандарди на над 850 сертификати и неговата идеја е после Струмица  да се прошири и во други места во Македонија  каде има  потреба од ваков вид на услуги што ги нуди  PROANALİZ  лабораторија  Струмица .

 

Во рамките на лабораторијата функционира земјоделска аптека  во која земјоделците покрај  анализите може да добијат совет од агрономи, како соодветно да постапат во земјодлеското производство, а истовремено да набават соодветни ѓубрива и други производи што им се потребни во производтсвото. Лабораторијата се наоѓа на Бул. Гоце Делчев 127г во Струмица. Заинтересираните може да се јавуваат и на телефонските броеви:

076/281-686; 071/253- 450 ; 078/301- 114.

 

Павлина Јовановска

За Зелена берза

 

 

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close