Според податоците од Продуктната берза во Нови Сад: Цената на пченицата изнесувала 18,5 динари, а со пченката не се тргувало
Поради актуелните случувања на пазарите во светот, пченицата и понатаму е во фокусот на тргувањето, а нејзината цена, сеуште е висока.
Вкупниот промет на Продуктната берза за оваа недела изнесувал 1175 тони стоки (-28,57%), со финансиска вредност од 29 812 750,00 динари (-4,76%). Поради актуелните случувања на светските пазари, пченицата и понатаму е во фокусот на тргувањето. Така, на домашниот пазар во Нови Сад, продолжува да бележи нагорен тренд.
Лебното зрно, се тргуваше од 18,50 до 18,80 дин/кг без ДДВ, со назнака за „гратис период“ до крајот на август. Пондерираната цена, оваа недела изнесуваше 18,50 дин/кг без ДДВ (20,35 дин/кг со ДДВ, што претставува пораст на цената за 2,87% во однос на претходната седмица.
Цената на пченката изнесувала над 16,00 дин/кг без ДДВ, но со неа не се тргувало.
Кај зрното соја, после повеќе од два месеци континуиран пад, оваа седмица, забележан е позитивен ценовен тренд во вредност помеѓу 36,50 до 37,00 дин/кг без ДДВ. Пондерираната цена изнесувала 36,96 дин/кг без ДДВ (40,65 дин/кг со ДДВ), што претставува пораст од 1,26% во одност на споредбениот податок од минатата седмица.
Ржта се тргувала за цена од 15,40 дин/кг без ДДВ (16,94 дин/кг со ДДВ).
Во Чикаго, во однос на податоците од претходната седмица, цените на пченицата се зголемија за 0,71%, а цените на пченката за 0,71%. Цените на сојата се зголемиле за 0,59%, а на соината сачма за 0,36%. Во Будимпешта цената на пченката се зголемила за 0,03%. Во Париз, цената на пченицата се намалила за 0,82%, а на пченката за 2,68%.
Преглед на понудени и постигнати количини, како и распон помеѓу понудените и постигнатите цени на земјоделските производи во набљудуваниот период:
Стоки | Понудена количина (t) | Цена на понудата дин/кг со ДДВ | Достигната количина (t) | Достигната цена дин/кг со ДДВ | Промена во однос на минатата недела |
Вештачки сушена пченка, род 2017 година | 100 | 17,27 | – | – | – |
Вештачки сушена пченка, род 2017 година, гратис период до 31.08 | 700 | 17,38-17,82 | – | – | – |
Вештачки сушена пченка, род 2018 година,испорака во октомври, плаќање 48 часа после достава | 2000 | 17,53 | – | – | – |
Пченица, род 2018, минимум 12% протеини | 300 | 20,35 | 300 | 20,35 | +2,78% |
Пченица, род 2018, минимум 12% протеини и гратис период до 31.08 | 500 | 20,35 -20,68 | 500 | 20,35 – 20,68 | – |
Пченица, род 2018, hl маса 72 кг, минимум 12% протеини, гратис период до 31.08 | 1000 | 19,58 | – | – | – |
Пченица, род 2018, hl маса 70 кг, минимум 12% протеини | 350 | 19,25 | – | – | – |
Соја, род 2017 | 350 | 40,15 – 40,92 | 300 | 40,15 – 40,70 | +1,26% |
Рж, род 2018 | 75 | 16,94 | 75 | 16,94 | – |
Соина сачма 44% | 200 | 50,88 | – | – | – |
Берзанскиот индекс на Продуктната берза во Нови Сад, ПРОДЕКС на 09.08.2018 година бил на ниво од 203,13 индексни поени, што претставува раст за 1,11 процентни поени во однос на претходната недела.
Валентина Соколовска
за Зелена берза