fbpx
ВестиТоп вести

Сигурниот пласман на млекото во„Битолска млекара“ ни го отвори патот за унапредување на семејниот бизнис, вели Владимир Небрежанец од краварската фарма „Милко ХФ“

Краварската фарма „Милко ХФ“ од село Лагово, прилепско е една од ретките позитивни приказни во македонското сточарство  каде со добар план на развој и посветеност во работата, од мал семеен бизнис станува еден од најголемите кооператни на најголемата млечна индустрија во Македонија, млекарницата „Бимилк“.

 

 

Фармата на Владимир Небрежанец, значи две децении работа и развој што воедно се должи на посветеноста и ангажираноста на неговиот син Кирил Небрежанец. Денес краварската фарма „Милко ХФ“ располага со фонд на добиток од 400 грла, од кои 165 се молзни грла и испорачува повеќе од 3000 л млеко на ден, односно над 100 тони млеко на месечно ниво. Небрежанец не кријат дека сигурниот пласман на млекото во „Битолска млекара“ им го отвори патот за унапредување на семејниот бизнис.

-Пред 20 години мојот син донесе цврста одлука дека сака да егзистира од фарма со крави. Тоа беше доволна причина да побарам прием во „Битолска млекара“ и веднаш направивме договор. Фармата во 1999 година, 3-ти месец, беше градежно оформена за одгледување на 60 молзни крави и соодветен подмладок, како и потребен магацински простор за сместување на храна и опрема. Од тогаш, постојано растеме, се унапредуваме, нашиот сточен фонд од година в година расте, а секако и количината на сурово млеко која што ја произведуваме, вели Владимир Небрежанец, кој сега е советник во краварска фарма „Милко ХФ“.

Растот на „Милко ХФ“се должи и на континуираните инвестиции, во набавка на опрема, зголемување на сточниот фонд, нови штали…

-Кога во нешто постојано инвестирате, особено ако за тоа имате пресметан план за развој, растот на бизнисот е неизбежен и сигурен. Овде неспорен е фактот дека голема заслуга за растот на нашата фарма има и „Бимилк“, кои постојано на еден или на друг начин вложуваат во унапредување на нашиот бизнис. Тука важно е да се напомене и дека во 2014 година со поддршка на млекарницата го проширивме фондот на јуници за плус  50 грла, додава постариот Небрежанец.

Неговиот син, Кирил денес сопственик на краварската фарма, набројува дека во моментов располагаат со 4 штали од врзан систем во кои се сместени кравите, на вкупна површина од околу 3000 м2 и магацински простор од околу 2.500 м2, а со цел да ги задоволат нивните амбициозни планови, најави дека во периодот 2018 – 2020 година планираат нова штала од одврзан систем на дополнителни 3360 м2.

-Развојот на нашата фарма се должи благодарение на сигурниот пласман на количините сурово млеко кое го испорачуваме и успешната долгогодишна соработка со најголемиот млекопреработувач „Битолска млекара“. Благодарение на оваа соработка долгорочно обезбедуваме стабилен откуп на произведеното кравјо млеко, а тоа е предуслов за сигурно инвестирање и во проширување на репродукцијата, вели Кирил Небрежанец.

Континуираната поддршка која ја добиваат од „Бимилк“ во однос на авансирање на тековното месечно производство на млеко, финансиска поддршка во набавка на техника и технологија, стручни совети и консултации во секојдневните тековни прашања и проблеми, и тоа од фармери-специјалисти од европските земји, понатаму финансиска поддршка во набавка на храна и репроматеријали, поддршка за развој и зголемување на капацитетите, се клучни за развојот на бизнисот вели сопственикот на „Милко ХФ“.

-Од „Бимилк“ веќе имаме најавено поддршка за развојот на новата штала која ја споменав, која ќе биде со капацитет од околу дополнителни 350 грла крави, а веќе за наредната 2018 година планираме инвестиција за нови 35 молзни крави, со што планираме да го зголемиме млекопроизводството на 145 тони сурово млеко месечно, открива Небрежанец.

Тој истакна и дека до 2021 година планираат да располагаат со 290 молзни крави, а до 2026 година и до 480 грла, што е зголемување на добитокот за вкупно 315 грла од сегашните 165.

-Во наредните 10 години ќе достигнеме испорака од 4420 тони сурово млеко, што не велам дека не е амбициозен план, меѓутоа е многу реален и пресметан, додава тој.

Осврнувајќи се на заедничкиот позитивен интерес кој со „Бимилк“ го имаат за зголемено производство на кравјо млеко, Небрежанец вели „ние знаеме и можеме да произведеме квалитетно сурово кравјо млеко, а „Битолска млекара“ знае да го откупи, преработи и на крајот продаде квалитетни производи со цел да го задоволи млечниот пазар во Македонија.“

За време на посетата на краварската фарма „Милко ХФ“ присутен беше и директорот на суровина во Бимилк, Драган Илиевски, кој истакна дека млекарницата инвестира во своите кооперанти.

-Како најголем млекопроизводител во земјата, „Битолска Млекара“ континуирано инвестира во македонската млечна индустрија на повеќе различни начини, но првенствено преку поддршка и вложување во примарното производство на млеко.Од исклучителна важност е да се вложува во квалитетот на примарната суровина доколку сакаме на крајот на денот да имаме квалитетни производи на полиците и ги задоволиме нашите строги стандарди, а се разбира и барањата на нашите лојални потрошувачи, вели Илиевски.

Според него постојат повеќе мерки и начини кои „Бимилк“ ги изнаоѓа за да ги стимулира фармерите, тука е  стабилниот откуп на млеко кој го гарантираат на нивните фармери, а понатаму и инвестициите во едукација на фармерите, финансиската поддршка за земјоделска опрема, технологија, сточна храна, проширување на капацитетите на фармите, а секако и увозот на јуници што во последните неколку години резултираше со зголемување на откупот на сурово млеко за 30 проценти.

-Квалитетот на суровото млеко мора да ги исполнува сите параметри според европската политика. Ние го препознаваме квалитетот и е исклучително важно да се избориме за навистина квалитетна суровина, особено што се соочуваме со недостиг на млеко на пазарот. „Милко ХФ“ е успешен пример за краварска фарма која обезбедува висок квалитет и која учествува со повеќе од 3% од вкупниот откуп на Битолска млекара, наведе Илиевски.

Во следните 2 до 3 години, Илиевски откри дека Бимилк планира финансиска поддршка за набавка на нови квалитетни молзни грла, поддршка во унапредување на старите и изградба на нови штали наменети за молзна стока, поддршка при набавка на нови молзни системи и компјутерски системи за менаџмент на фармите, како и поддршка при обезбедување на квалитетен генетски материјал преку промоција на вештачко осеменување со семе од прогено тестирани бикови со врвен квалитет.

„Зелена берза“

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close