fbpx
ВестиЛов и риболов

Отворен јавниот повик за доделување на концесија за риболов на Матка

До крајот на јуни ќе биде отворен повикот за доделување на концесија за рекреативна риболовна акумулацијата Матка, а изборот е по пат на електронско наддавање.
otvoren javniot povik za dodeluvanje na koncesija za ribolov na matka

Риболовните здруженија и фирмите од оваа дејност можат да се јават на повикот за доделување на концесија за рекреативен риболов. Концесијата се однесува за рекреативен риболов за период од шест години на целата површина на Акумулација Матка и дел од реката Треска каде што се влева во неа.

Право на учество на Јавниот повик имаат рибарските здруженија и домашни и странски правни лица регистрирани во Македонија.

Со документите потребено е да се достави потврда дека барателот е регистриран и се занимава со дејноста рибарство, доказ дека ја има потребната опрема за вршење на рибочуварската служба и дека ќе вработи потребен број на лица за заштита на рибите.

Критериум според кој ќе се изврши изборот е највисокиот понуден износ за концесијата на електронското надавање.

Краен рок за пријавување за учество е 30 јуни 2016 година.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close